СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ од 08.04.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ од 08.04.2020 година

Новости, Соопштенија за јавност  |  08.4.2020

ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

Су-327/20
08.04.2020  година
Куманово
 
Во врска актуелната состојба, зголемениот интерес на пошироката јавност,  а со цел ,граѓаните да бидат навремено и целосно информирани во врска со работата и постапувањето на Основен суд Куманово, во услови на прогласена вонредна состојба, се издава следното:
 
                                          СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА 
                                                   
            Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово, на 02.04.2020 година, донесе една пресуда, со која едно лице е огласено за виновно за наведеното кривично дело и е осудено на парична казна од 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 121.230,00 денари; на 03.04.2020 година, донесе седум пресуди, со кои, седум лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во денарска противвредност од по 61.500,00 денари, на 06.04.2020 година, донесе три пресуди, со кои три лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и осудени на парична казна од по 50 дневни глоби, во денарска противвредност од по 61.600,00 денари, а на 07.04.2020 година, донесе две пресуди,  со кои две лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и осудени на парична казна од по 50 дневни глоби, во денарска противвредност од по 61.500,00 денари.
 
            Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, едно од обвинетите лица, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, иако при влез во РСМ, од средноризична земја, потпишал писмена Изјава за задолжителна самоизолација, на ден 20.03.2020 година, при извршена контрола од страна на службени лица на МВР-СВР Куманово, не бил затекнат во неговиот дом, каде што требало да ја спроведува самоизолацијата, а останатите обвинети 12 лица, на 25.03.2020 година, на 26.03.2020 година, на 28.03.2020 година, на 29.03.2020 година и на 30.03.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата на РСМ од 21.03.2020 година, од 23.03.2020 година и 25.03.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21,00 часот до 05,00 часот и од 16,00 до 05,00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период.
 
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_