СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости, Соопштенија за јавност  |  17.11.2023

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

        Основниот суд Куманово, врска со предметот за кој постои јавен интерес - постапката за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на штета, во која странки се двајца пратеници во Собранието на РСМ, во својство на тужител и тужен, ја известува јавноста дека постоење или непостоење на одговорност на тужениот, како и на евентуални основи за исклучување на одговорноста, се утврдува во текот на судската постапка, врз основа на презентираните докази, примена на позитивните законскита прописи, а по слободно судиско уверување, а во образложение на секоја одлука се наведуваат и причините поради кои одлуката е донесена и прописите кои се применети при одлучувањето. Против првостепената одлука на судот, како што е тоа во кон кретниот случај, незадоволната странка има право на жалба, која ќе биде предмет на оценка од повисоките судови.
        Секое јавно арбитрерно толкување на закони од јавноста, како и коментари на конкретни судски постапки и судски одлуки кои се во тек и кои не се правосилно завршени, особено кога доаѓаат од претставници на законодавната или извршната власт, претставуваат вид на напад врз самостојноста и независноста на судската власт, обид за притисок и влијаните врз судовите на исходот на судската постапка, но и чин со кој се доведува во заблуда јавноста за работата на судовите, се нарушува угледот на судот и често и на судијата кој постапува по предметот, се зголемува недовербата на јавноста во судството, со цел остварување на одредени цели.

                                                                                                                                        Основен суд Куманово

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_