ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/21 за РАБОТНО МЕСТО - САМОСТОЕН СУДСКИ РЕФЕРЕНТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/21 за РАБОТНО МЕСТО - САМОСТОЕН СУДСКИ РЕФЕРЕНТ

Новости, Соопштенија за јавност  |  02.2.2022
Одлука за избор на кандидати по интерен оглас бр.1/21 за работно место - Самостоен судски референт

 

OСНОВЕН СУД КУМАНОВО
СУ-07-10/22
02.02.2022 год.
КУМАНОВО
 
 
      Судскиот администратор на Основен суд Куманово, Марта Крашовиќ, врз основа на член 43 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 43/14 и 248/18) и Правилникот за форма и содржина на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и инревјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл. Весник на РМ бр. 275/20 од 19.11.2020 година), по спроведена постапка во врска со објавениот интерен оглас 1/21 од 20.12.2021 година, за кариерно унапредување на судски службеници, за работно место Самостоен судски референт-водител на писарница категорија Г, ниво Г1-2 (два) извршители, а по доставениот Предлог на кандидатите за кариерно унапредување Су-79/22-2 од 02.02.2022 година, од страна на Комисија за селекција за унапредување на судски службеници со утврдена ранг листа, на ден 02.02.2022 година, ја донесе следната:
 
 
О Д Л У К А 
 
- за кариерно унапредување на судски службеник
 
За работно место Самостоен судски референт-водител на писарница-категорија Г, ниво Г1-2 (два) извршители се избираат:
 
1. Љубиша Ангеловски од Куманово
2. Хешуније Исаки од Куманово
 
 
Решение за унапредување на избраниот кандидат ќе се донесе по правосилноста на Одлуката.
 
О б р а з л о ж е н и е
 
Од страна на Основен суд Куманово, на ден 20.12.2021 година, на веб интернет страницата на Судот е објавен Интерен оглас бр.1/21 за унапредување на судски службеник за работно место Самостоен судски референт-водител на писарница-категорија Г, ниво Г1 - 2 (два) извршители.
По спроведената постапка за кариерно унапредување од страна на Комисијата за селекција за унапредување, согласно Законот за судска служба и Правилникот за форма и содржина на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и инревјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категорија на работно место за кое е објавен интерниот оглас, (Сл. Весник на РМ бр. 275/20 од 19.11.2020 година), до Судскиот администратор е доставен Предлог на кндидати за кариерно унапредување под Су-79/22-2 од 02.02.2022 година, во кој е наведено дека за кариерно унапредување се предлагаат кандидатите : Љубиша Ангеловски од Куманово и Хешуније Исаки од Куманово.
Судскиот администратор, имајќи го во предвид Предлогот на кандидати за кариерно унапредување Су-79/22-2, доставен од Комисијата за селекција за унапредување го прифати и одлучи за работно место - Самостоен судски референт-водител на писарница -категорија Г, ниво Г1 – 2 (два) извршители, а по распишан Интерен оглас број 1/21 од 20.12.2021 година да ги избере кандидатите: Љубиша Ангеловски и Хешуније Исаки.
Примерок од Одлуката да се достави до кандидатите и истата да се објави на веб страната на судот.
Поради погоренаведеното, Судскиот администратор, согласно чл.43 од Законот за судска служба одлучи како во изреката на одлуката.
 
 
     Основен суд Куманово
      Судски администратор,
Марта Крашовиќ
                       
    
ПРАВНА ПОУКА:
Против ова решение, судскиот службеник има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на Одлуката, преку овој суд до Совет на судска служба 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_