Јавен оглас 1/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/20

Новости, Соопштенија за јавност  |  07.10.2020
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/20

 

Република Северна Македонија
Основен суд Куманово
СУ-04-710/20
06.10.2020 година
Куманово
 
Врз основа на член 3 став 2  од Законот за судска служба ("Службен весник на Република Македонија" број 43/14) и член 23 од Закон за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр.167/15), како и член  51 и член 54 од Правилник за систематизација на работни места во Основен суд Куманово 04-Су.бр.394/18-1 од 07.12.2018 година и известување од Министерство за финансии бр.18-5285/2 од 30.09.2020 година, на 06.10.2020 година
 
      ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
         објавува
      ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/20

 

За вработување на 1 ( едно) лице на работно место хигиеничар на неопределено време

1.Хигиеничар-1 ( еден) работник

Посебни услови:
- средно образование
- со или без работно искуство
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилник за систематизација на работни места во Основен суд Куманово, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во чл.21 став 1 од Закон за судска служба:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работно место и 
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Неделно работно време 40 часа,
Дневно работно време 8 часа, во две смени 07.00 часот до 15.00 часот и од 13.30 часот до 21.30 часот,
Основна нето плата 14.934 денари
Времетраење на работниот однос: неопределено
 
За вработување на 1 (едно) лице на работно место хаус мајстор на неопределено време
 
2.Хаус мајстор-1 ( еден) работник

Посебни услови:

- средно образование-четврти степен
- со диплома за одржување на парен котел и парна мрежа
- со или без работно искуство
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилник за систематизација на работни места во Основен суд Куманово, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во чл.21 став 1 од Закон за судска служба:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работно место и 
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Неделно работно време 40 часа,
Дневно работно време 8 часа, од 07.30 часот до 15.30 часот,
Основна нето плата 15.810 денари
Времетраење на работниот однос: неопределено
 
Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работно место во оригинал или копија заверена кај нотар.
Молбата, доказите, задолжително треба да содржи:име и презиме на кандидатот поткрепени  со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-маил адреса или контакт телефон.
Рокот за поднесување на молбите изнесува изнесува 7 (седум) работни дена од денот на објавување на огласот во дневните весници ( несметајќи го денот на самото објавување).
               Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Молбата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во приемната писарница на судот, во работно време или по пошта на адреса :
     
 ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
                 Ул. „ 11 Октомври“ бб Куманово
             (со назнака за Јавен оглас број 1/20)

 

Ненавремени,нецелосни пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во чл.23 став 2 од Закон за работни односи.
 
 
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_