СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ од 26.03.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ од 26.03.2020 година

Новости, Соопштенија за јавност  |  26.3.2020
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Су-305/20
26.03.2020  година
Куманово
 
 
Поради актуелната состојба, како и зголемениот интерес на пошироката јавност, Основен суд Куманово, го издава следното:
 
 
                                 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА 
                                                   
 
Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово на 25.03.2020 година, донесе четири пресуди, со кои четири лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело, две лица се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од по 123.000,00 денари, а две лица се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противврденост од по 184.500,00 денари. 
Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, еден од обвинетите лица, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, иако при влез во РСМ, од високоризична, потпишал писмена Изјава за задолжителна самоизолација, на ден 20.3.2020 година, при извршена контрола од страна на службени лица на МВР-СВР Куманово, не бил затекнат во неговиот дом, каде што требало да ја спроведува самоизолацијата; второто обвинето лице, во исти околности, постапило спротивно на Одлуката на Владата на РСМ од 14.03.2020 година и на ден на 18.03.2020 година, при контрола од службени лица на ДПИ и МВР СВР Куманово, било затекнато како во својот угостителски објект послужува гост; додека третото и четвртото обвинето лице, во истите околности, постапиле спротивно на Одлуката на Владата на РСМ од 21.03.2020 година, на начин што, не ја почитувале забраната за движење на населението, во периодот од 21,00 часот до 06,00 часот.
                                                                                                 
                                                                                                                              ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_