ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/20 за РАБОТНО МЕСТО - СУДСКИ АДМИНИСТРАТОР [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/20 за РАБОТНО МЕСТО - СУДСКИ АДМИНИСТРАТОР

Новости, Соопштенија за јавност  |  28.12.2020
Одлука за избор на кандидат по јавен оглас бр.3/20 за работно место - Судски администратор
                                                                          
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
04 Су.бр.1075/2020
28.12.2020 год.
КУМАНОВО
 
Претседателот на Основен суд Куманово, Судијата Снежана Манев, врз основа на член 17 ст.1 и чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 198/18), по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.3/20 од 03.12.2020 година, за вработување на судски службеник, за работно место „Судски администартор“ еден (1) извршител, по доставениот Предлог за најдобро рангиран-единствен кандидат Субр.851/20/3 од 28.12.2020 година, на Комисија за селекција за вработување, на ден 28.12.2020 година, ја донесе следната:
 
 
О  Д  Л  У  К  А
 
За работно место „Судски администратор“ - еден (1) извршител, на неопределено време, се избира кандидатот:
 
1.Марта Крашовиќ од Куманово
 
Решение за вработување за избраниот кандидат ќе се донесе по конечноста на оваа одлука, согласно чл.37 ст.1 од Законот за судска служба. 
 
 
О б р а з л о ж е н и е
 
Од страна на Основен суд Куманово во дневните весници „Нова Македонија“ и ,,Лајм“ од 03.12.2020 година, објавен е Јавен оглас бр.3/20 за вработување на судски службеник за работно место „Судски администратор“, еден (1) извршител.
 
По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно Законот за судска служба и Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр. 236/18 од 24.12.2018 година), до Претседателот на судот, доставен е Предлог за најдобро рангиран-единствен кандидат Субр.851/20/3 од 28.12.2020 година, за работно место „Судски администратор“.
 
Со Предлогот за најдобро рангиран-единствен кандидат, Субр.851/20/3 од 28.12.2020 година, за работното место „Судски администратор“, еден (1) извршител, Комисијата за селекција за вработување, го предложи кандидатиот Марта Крашовиќ од Куманово, при што наведе дека истата, како единствен кандидат по огласот за наведеното работно место, со освоени 61,7 бодови, а по спроведена постапка за вработување на судски службеници, односно, спроведена административна селекција, стручен дел од испит, проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија-англиски јазик и спроведено интревју.
 
          Претседателот на судот, имајќи го во предвид Предлогот за најдобро рангиран-единствен кандидат Субр.851/20/3 од 28.12.2020 година, доставен од Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба, за работното место „Судски администратор“, еден (1) извршител, како и имајќи го о предвид чл.17 и чл.36 ст.1 од истиот закон, одлучи како во изреката на оваа одлука, односно, го избра кандидатот Марта Крашовиќ од Куманово, како најдобро рангиран-единствен кандидат, по спроведената постапка по Огласот бр.3/20 од 03.12.2020 година.
 
 
Претседател на суд,
Судија,
Снежана Манев
                       
    
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето, со одлука за извршениот избор до Советот на судска служба. (Жалбата се доставува преку Основен суд Куманово.) 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_