Јавен оглас 2/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 2/20

Новости, Соопштенија за јавност  |  08.10.2020
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/20

 

Република Северна Македонија
Основен суд Куманово
СУ-04-711/20
07.10.2020 година
Куманово
 
           Врз основа на член 20 и 25 и член 21 став 1, член119 и член120 од Законот за судска служба (Сл.вeсник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/18 од 24.12.2018) и согласноста од Министерот за финансии бр.18-5285/2 од 30.09.2020 година, бр.18-8902/4 од 31.12.2019 година и 18-2246/2 од 14.02.2020 година, ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО, на 07.10.2020 година објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/20
за вработување на 2 (двајца) припадници на судска полиција и 2 (двајца) судски службеници:
 
1. Судски полицаец - 2 (два) извршители
 
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите услови утврдени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, а покрај општите услови за вработување на судски службеник утврдени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.119 од Законот за судска служба:
- да не е постаро од 25 години,
- да е физички и психички способен за вршење на работите од судската полиција (согласно  Правилник за психовизички способности што треба да ги поседуваат лица што се примаат на работа во судска полиција),
- да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место,
- да има соодветно работно искуство потребно за работното место,
- да поседува соодветни општи и посебни работни компетенции потребни за работното место,
- најмалку средно образование,
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ; или Гете сертификат 
 
Нето плата на припадникот на судската полиција 18.100,оо денари.
Работни часови неделно: 40 часа и работа во смени.
 
Согласно чл.120 ст.3 од Законот за судска служба, проверката на условите за вработување на припадник на судска полиција ја врши Министерството за правда на РСМ, без да се нарушат критериумите за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
 
2. Категорија Б, ниво Б2 (Б3), Раководител на стручно правна служба - (1) еден извршител 
 
Заинтересираните кандидати согласно чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, треба да ги исполнуваат општите услови за пополнување на работнoто место.
Покрај општите услови за вработување на судски службеник, предвидени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови предвидени во чл.21 ст.2 од Закон за судска служба и Правилник за систематизација на работните места во Основен суд Куманово:
- најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- положен правосуден испит,
- најмалку пет години работно искуство во струката по положен правосуден испит 
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), 
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.
 
Нето плата за работно место од овој оглас - 37.300,оо денари.
 
3. Категорија Г, ниво Г- 4 Помлад судски референт - доставувач -1 извршител
 
Заинтересираните кандидати согласно чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, треба да ги исполнуваат  општите услови за пополнување на работнoто место. 
Покрај општите услови за вработување на судски службеник, предвидени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови предвидени во чл.21 ст.2 од Закон за судска служба:
- средно образование, со или без работно искуство во струката,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место
 
Нето плата за работно место од овој оглас - 15.900,00 денари; 
 
За работни места под точка 2 и 3: Работни часови неделно 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30 часот; Работни денови од понеделник до петок.
 
Кон пријавата, за пополнување на работни места под точка 1, 2 и 3, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на општите и посебните услови за соодветното работното место на кое се пријавуваат, во оригинал или копија заверена на нотар: 
- уверение најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- уверение за положен правосуден испит
- свидетелство за завршено средно образование 
- доказ за работно искуство
- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)
- лекарско уверение за општата здравствена состојба (не постаро од 6 месеци)
- уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (од судот не постаро од 6 месеци) 
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
 
Напомена: Кандидатите за судски службеници во постапката за вработување преку јавен оглас, под точка 2 и 3, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник - дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).
 
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
            Кандидатите се должни да се пријават на огласот со  Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Основен суд Куманово  или да ја симнат од веб страната на судот www. oskumanovo.mk во рубрика формулари-документи 
            Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци 
Рокот за пријавување трае 15 (петнаесет) дена сметано од денот на  објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето). 
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
                          Ул. „ 11 Октомври“ бб Куманово
                      (со назнака за Јавен оглас број 2/20)
 
Напомена: Кандидатот кој ќе внесе неточни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка. 
Напомена: Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на веб страната на Основен суд Куманово (www.oskumanovo.mk).
 
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_