Ранг листа на кандидати по ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/23 за работно место под т.1 Категорија В, ниво В-1 - Советник информатичар - 1 извршител
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Ранг листа на кандидати по ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/23 за работно место под т.1 Категорија В, ниво В-1 - Советник информатичар - 1 извршител
Соопштенија за јавност
|
18.1.2024
Ранг листа на кандидати по ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/23 за работно место под т.1 Категорија В, ниво В-1 - Советник информатичар - 1 извршител со број на освоени бодови од административна селекција
ПРИЛОГ 1
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Јавен оглас 2/23
ЛИСТА НА УРЕДНИ И НЕУРЕДНИ КАНДИДАТИ
За работното место Советник информатичар, категорија В, Ниво В-1 (В1), 1 извршител
1. Неуредни кандидати - Нема
2. Уредни кандидати се:
- Шифра osk 25/23. Освоени бодови од административната селекција: за образование 11,06 бода, за работно искуство 2.5 бода, за работа со компјутери 5 бода или Вкупно 18,56 бода.
- Шифра osk 22/23. Освоени бодови од административната селекција: за образование 17,34 бода, за работно искуство 2.25 бода, за работа со компјутери 5 бода или Вкупно 24,59 бода.
Од Комисија за селекција
ПРИЛОГ 2
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Јавен оглас 2/23
РАНГ ЛИСТА
Со шифри на кандидатите кои ја поминале административната селекција со број на освоени бодови се:
За работно место Советник информатичар , категорија В, Ниво В-1 (В1)
1. Шифра osk-22/23, освоени бодови: 24,59
2. Шифра osk-25/23, освоени бодови: 18,56
Од Комисија за селекција
ПРИЛОГ 3
OСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Јавен оглас 2/23
ИНФОРМАЦИЈА
За денот и часот на одржување на втората фаза на селекција
Втората фаза на селекцијата - полагање на испит за стручен дел за судски службеник по јавен оглас бр.2/23 за работно место под т.1 Категорија В, ниво В-1 - Советник информатичар - 1 извршител, ќе се одржи на 06.02.2024 година (Вторник) во 10.00 часот во Основен суд Куманово и за полагање на испит за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (англиски, француски и германски) на кандидатите ќе се одржи на 06.02.2024 година (Вторник) во 12.00 часот.
Полагањето на испитот - стручен дел е со максимално времетраење од 60 (шеесет) минути и полагање на испитот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (англиски, француски и германски) на кандидатите е со максимално времетраење од 60 минути.
Од Комисија за селекција
ПРИЛОГ 4
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Јавен оглас 2/23
ИНФОРМАЦИЈА
За денот и часот на одржување на втората фаза на селекција
Втората фаза на селекцијата - полагање на испитот кој се состои од два дела и тоа:
- стручен дел од испитот за судски службеник ќе се одржи на 06.02.2024 година (Вторник) со почеток во 10.00 часот во Основен суд Куманово, со максимално времетраење од 60 (шеесет) минути и
- проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) со максимално времетраење од 60 (шеесет) минути.
Напомена: Помеѓу двата дела од испитот ќе има пауза во траење од 60 (шеесет) минути.
Прашања за стручниот дел од испитот за кандидатите за работно место под т.1 Категорија В, ниво В-1 - Советник информатичар - 1 извршител, ќе бидат од следните области:
- Закон за судска служба
- Судски деловник
- Закон за управување со движење на предмети во судовите
- Прашања од област на информатика
Базата на прашања за стручниот испит и за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) - средно ниво, се објавени на web страната на судот во делот - Брзи линкови.
Кандидатите на денот на одржувањето на стручниот испит потребно е со себе да понесат документ за лична идентификација (важечка лична карта или патна исправа).
Од Комисија за селекција