Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

 

Основните судови, според Закон за судовите, се надлежни да одлучуваат во прв степен по предметите од судска надлежност, освен кои со закон се ставени во надлежност на друг орган. 

Основниот суд во Куманово е надлежен за : 

1. Одлучување во прв степен по кривични дела и прекршоци и тоа :
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до 5 години ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност 
- да спроведува истрага или истражни дејствија од своја надлежност 
- за сите видови на прекрошоци освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа, или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни .

2. Одлучување во прв степен во граѓански спорови и тоа :
- за спорови во имотно-правните и другите граѓанско-правни односи на физички и правни лица чија вредност надминува 15.000 Еура во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак, 
- за чување и воспитување на деца, 
- за законска издршка, 
- за смеќавање на владение, 
- за доживотна издршка, 
- за надомест на штета кој надминува 15.000 Еура во денарска противвредност 
- во постапка за обезбедување на извршување, 
- за работни односи 
- во спорови од наследно-правни односи 
- во вонпарнични и оставински работи, да води тапии и други работи утврдени со закон .

Според Законот за судовите од 2006 година Основен суд Куманово е со проширена надлежност и покрај горенаведената надлежност Основен суд Куманово е надлежен да одлучува и во следните случаи :
1. Да за одлучува за кривични дела
- за кои со закон е предвидена казна затвор над 5 години и за кривични дела и прекршоци извршени од малолетни лица, 
- да спроведуваат истрага и истражни дејствија за кривични дела од своја надлежност
- да постапуваат по предмети за екстрадиција 
- по жалби и приговори во постапките за кои се надлежни и
- да решаваат по постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон .
2. Да одлучува во граѓански спорови и тоа :
- за спорови во имотоно-правните и другите граѓанско-правни односи на физички и правни лица чија вредност надминува 15.000 Еура во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд
- во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
- водат судски регистар за политички партии
- во постапка за стечај и ликвидација
- во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
- за спорови на домашни правни и странки лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански односно трговски односи.

Основен суд Куманово како суд со прширена надлежност надлежноста ја врши и за Основен суд Крива Паланка и за Основен суд Кратово.

 

Историјат
Судска зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Именик на лиценцирани медијатори

    Соопштенија за јавност  | 14.9.2017
    Министерството за правда на РМ објави листа на лица кои согласно членот 46 ставови 1 и 2 од Законот за медијација (Службен весник на РМ број 188/13, 148/15, 192/15, 55/16) го положиле испитот за медијатори и на кои им е издадена Лиценца за вршење на медијаторски работи, и кои можат да вршат медијаторски работи согласно член 68а, став 1 од Законот за медијација(Службен весник на РМ број 188/13, 148/15, 192/15, 55/16): [повеќе]
  • Промена на работно време во судовите во Република Македонија

    Соопштенија за јавност  | 30.8.2017
    Ново работно време во судовите Судскиот совет на Република Македонија, на седницата одржана на ден 30.08.2017 година, донесе одлука за ново работно време во судовите. Новото работно време стапува во сила на 04.09.2017 година, а истото ќе биде од 07:30 до 15:30 часот. Дневната 30 минутна пауза ќе биде од 11:00 до 11:30 часот. [повеќе]
  • Добредојдовте на официјалната страна на Основен суд Куманово

    Соопштенија за јавност  | 18.8.2015
    Основен суд Куманово како суд со прширена надлежност надлежноста ја врши и за Основен суд Крива Паланка и за Основен суд Кратово. [повеќе]

Сите вести