Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

1.  Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?   Одговор

Почитувани, Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право. За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.

2.  Каде може да сведочам?   Одговор

Почитувани, Постои општа граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат. Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и да сведочи. Сослушување на сведоци е еден од доказите кои се изведуваат во сите судски постапки. Меѓутоа судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава. Сведоците, кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата од судот, ќе се сослушаат во својот стан, односно во местото каде се наоѓаат (болница).

3.  Дали сум заштитен како сведок?   Одговор

Почитувани, Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира: - Чување во тајност на идентитеот на сведокот, - Обезбедување на лична заштита, - Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето, - Промена на идентитетот

4.  Дали постои рок во кој судијата мора да ја донесе и изработи пресудата?   Одговор

Почитувани, -Граганска постапка Пресудата се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа на записник и ја објавува судијата поединец или претседателот на советот. Во посложените предмети судот може да одлучи да ја објави пресудата за 15 дена од денот на заклучувањето на главната расправа. Во тој случај судот ке заказе ново рочиште на кое ке ја објави пресудата без разлика на тоа дали странките дошле на тоа рочиште. Писмена изработка на пресудата е во рок од 8 дена а во посложените предмети до 15 дена . -спорови за смеќавање на владение Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата; -работни спорови Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата; -Кривична постапка Пресудата се изрекува веднаш по заклучувањето на главниот претрес. Откако судот ја изрекол пресудата, претседателот на советот веднаш ќе ја објави. Ако судот не е во можност веднаш по заклучувањето на главниот претрес, ке го одложи објавувањето, но најдолго за 3 дена. На рочиштето пресудата ке биде објавена без разлика на тоа дали е присутен или не обвинетиот или неговиот законски застапник. Писмена изработка на пресудата се врши 15 дена по нејзиното објавување, но во посложени предмети до 60 дена, а овие рокови не можат да бидат пречекорени.

Прва<1>Последна


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести