ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2019 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2019

Новости, Соопштенија за јавност  |  18.10.2019

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

СУ 04 брoj. 25/19

17.10.2019 година

Неготино

 

            Врз основа на член 20 и 25 од Законот за судска служба („Службен весник на РСМ“ број 43/14...24/18), одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административна селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови на постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Службен весник на РСМ“ број 236/18) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот суд Неготино СУ 03 број 2/19-2 од 03.01.2019 година, а по  согласноста на Министерство за финансии број 18-468/2 од 29.01.2019 година и број 18-5919/2 од 19.07.2019 година,  

 

 

ОСНОВНИОТ СУД НЕГОТИНО

Објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2019

 

за вработување на 3/тројца/ судски службеници

на неопределено време на следните работни места:

 

 

 

  1. ВИШ СУДСКИ РЕФЕРЕНТ - извршител во писарница - категорија Г,

ниво Г2 – шифра на работно место ОСНЕ0101ВСР - 2 /два/  извршители,

 

Посебни услови – потребни стручни квалификации и компетенции:

 

  • најмалку више или средно образование
  • најмалку 2/две/ години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

 

Основна (нето) плата за работното место :

-18.157,00(осумнаесет илјади сто педесет и седум )денари

 

Работни часови неделно: 40

Работни денови:                од понеделник до петок

Работно време:                  од 07,30  до 15, 30 часот

 

 

 

  1. СУДСКИ РЕФЕРЕНТ - ДАКТИЛОГРАФ, категорија Г,

ниво Г3 шифра на работно место ОСНЕ0103СР - 1/еден/ извршител

 

Посебни услови – потребни стручни квалификации и компетенции:

  • најмалку више или средно образование
  • најмалку 1 /една/ година работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската   унија(англиски, француски и германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  •  

Основна (нето) плата за работното место:

-17.257,00(седумнаесет илјади двесте педесет и седум) денари,

 

Работни часови неделно: 40

Работни денови:                од понеделник до петок

Работно време:                  од 07,30  до 15, 30 часот

 

 

Покрај посебните услови, сите кандидати за секое од работните места (под т.1 и т.2), потребно е да ги исполнуваат и следните ОПШТИ УСЛОВИ:

  • да е државјанин на РСМ
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна – „забрана за вршење на професија, дејност или должност“ (Уверение или потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност)

 

Доколку кандидатот има и други дипломи, сертификати или уверенија, истите да ги достави кон пријавата.

 

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно, со точни и веродостојни податоци и со изјава под материјална и кривична одговорност дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневните весници.

 

Пополнетата пријава за вработување кандидатите се должни да ја достават со приложените докази за исполнување на посебните и општите услови во оригинал или заверени на нотар, во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Неготино или по пошта на адреса „Основен суд Неготино ул.„Маршал Тито“ број 86 Неготино, со назнака „за јавен оглас бр.01/2019“.

 

Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Основен суд Неготино.

            Кандидатите кои ќе ја поминат административната селекција полагаат испит за судски службеник во просториите на Основниот суд Неготино.

Базата на прашања и потребната стручна литература, како и пријавата за вработување на судски службеник е достапна на веб страната на Основниот суд Неготино (www.osnegotino.mk).

 

  

ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

 

           ПРИЈАВА ЗА ОГЛАС

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_