ЈАВЕН ОГЛАС број 03/2023
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС број 03/2023
Република Северна Македонија
Основен суд Неготино
Су-04 брoj 90/23
13/12/2023 година
Неготино
Врз основа на член 20 став 1 алинеја 1 и член 25 од Законот за судска служба („Службен весник“ број 43/14...235/22), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административна селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови на постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Службен весник“ број 236/18), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот суд Неготино Су-04 број 28/22 од 01.02.2022 година и согласноста од Судски буџетски совет број 08-192/6 од 24.04.2023 година, в.в. известувањето од Министерство за финансии број 18-4038/2 од 04/04/2023 година
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2023
за вработување на двајца судски службеници
на неопределено време
1. СУДСКИ СОРАБОТНИК категорија „В ниво 3“ - 1 (еден) извршител
2. ПОМЛАД СУДСКИ СОРАБОТНИК категорија „В ниво 4“ - 1 (еден) извршител
Целосниот текст на огласот може да се превземе на следниот линк
Пријавата за огласот можете да ја превземете на следниот линк