Оглас за избор на судии поротници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за избор на судии поротници

Соопштенија за јавност  |  13.11.2018

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

СУ03бр.155/2018

12.11.2018 год

Неготино

 

 

ОСНОВНИОТ СУД НЕГОТИНО има потреба за избор на судии поротници, согласно чл.38 ст.3 од Законот за судовите( Сл.весник на РМ бр.58/06,35/08, 150/10 и 85/18), чл.13, чл.15 ст.1 алинеа 7 и 8 и чл.19 и чл.42 од истиот закон, а в.в. со Одлуката на Судски совет за утврдување на бројот на судии поротници во судовите на РМ, бр.02-2158/1 од 10.12.2015та година, а во врска со чл.7 од Судскиот деловник, Претседателот на судот, Ацо Анѓелковски на ден 12.11.2018 година објавува

 

О Г Л А С

За

Кандидати за избор на 10 – судии поротници во Основниот суд Неготино

 

  1. Кандидатите за судии – поротници треба да ги исполнуваат следните услови
  • да е полнолетен државјанин на Република Македонија,
  • да има завршено најмалку средно образование,
  • активно да го владее македонскиот јазик,
  • да ужива углед за вршење на функцијата судија – поротник,
  • да не е постар од 60 години

2.За судија или судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

3.За судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

4. Заинтересираните кандидати да достават пријава со потребните документи:

- уверение за државјанство,

- извод од матичната книга на родените

- уверение за завршено образование и

-  лекарско уверение

во приемно оделение на Основиот суд Неготино или по пошта на адреса:

 

Основен суд Неготино

Ул.„Маршал Тито“бр.84

Неготино

 

Претседател на судот

Ацо Анѓелковски

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_