Оглас за избор на кандидати за судии поротници
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Оглас за избор на кандидати за судии поротници
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
СУ03бр.121 /2018
27.07.2018 год
Неготино
ОСНОВНИОТ СУД НЕГОТИНО има потреба за избор на судии поротници, согласно чл.38 ст.3 од Законот за судовите( Сл.весник на РМ бр.58/06,35/08, 150/10 и 85/18), чл.13, чл.15 ст.1 алинеа 7 и 8 и чл.19 и чл.42 од истиот закон, а в.в. со Одлуката на Судски совет за утврдување на бројот на судии поротници во судовите на РМ, бр.02-2158/1 од 10.12.2015та година, а во врска со чл.7 од Судскиот деловник, Претседателот на судот, Ацо Анѓелковски на ден 27.07.2018 година објавува
О Г Л А С
За
Кандидати за избор на 12 – судии поротници во Основниот суд Неготино
- Кандидатите за судии – поротници треба да ги исполнуваат следните услови
- да е полнолетен државјанин на Република Македонија,
- да има завршено најмалку средно образование,
- активно да го владее македонскиот јазик,
- да ужива углед за вршење на функцијата судија – поротник,
- да не е постар од 60 години
2.За судија или судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
3.За судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
4. Заинтересираните кандидати да достават пријава со потребните документи:
- уверение за државјанство,
- извод од матичната книга на родените
- уверение за завршено образование и
- лекарско уверение
во приемно оделение на Основиот суд Неготино или по пошта на адреса:
Основен суд Неготино
Ул.„Маршал Тито“бр.84
Неготино