ЈАВЕН ОГЛАС брoj 1/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС брoj 1/20

Новости, Соопштенија за јавност  |  25.1.2020

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

Су-04 број 11/20

25.01.2020 година

Неготино

 

            Врз основа на члeн 18 стaв 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ број 43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), а в.в. член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Сл.весник на РМ“ број 74/15 и број 120/18), по добиената согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии Арх.број 18-708/2 од 20/01/2020 година, доставена  преку Судски Буџетски Совет на РСМ со допис број 08-56/5 од 22/01/2020 година, Претседателот на Основен суд Неготино, објавува:

ЈАВЕН   ОГЛАС   број 1/20

            за вработување на судски службеници

на определено време до 31.12.2020 година за следните работни места:

 

Помлад судски референт

извршител во писарница (категорија Г- ниво 4): 2 (два) извршители

 

1.Посебни услови - потребни стручни кавалификации и компетенции:

            - најмалку средно или вишо образование

            - со или без работно искуство во струката

            - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

           

 

2. Покрај посебните услови, кандидатите потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:

            - да е државјанин на Република Северна Македонија

            - активно да го користи македонскиот јазик

            - да е полнолетен

            - да има општа здравствена способност за работното место

            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна

            забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Плата на судскиот службеник:  15.988,00 денари

            Работни часа : 40 неделно

            Работни денови : од понеделник до петок

            Работно време : од 07,30 до 15,30 часот

            Дневна пауза : од 11,00 до 11,30 часот

 

            Пријавата за вработување може да се подигне од приемна писарница во судот или од веб-страна на судот: http://www.osnegotino.mk/

            Пополнетата пријава со докази за исполнување на општите и посебни услови во оригинал или копија заверена на нотар, се доставуваат преку приемната писарница во судот или по пошта на адреса:

Основен суд Неготино ул.„Маршал Тито“ број 84 Неготино,

со назнака „за јавен оглас бр.1/20“

 

            Рокот за пријавување е 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (без да се смета денот на објавување).

            Ненавремена, нецелосна, неуредно пoполнета пријава или пријава во која се внесени лажни податоци, нема да се разгледува.

            Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

 

ПРИЈАВА ЗА ОГЛАС

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_