ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЗА ПРЕСТОЈ И РАБОТА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЗА ПРЕСТОЈ И РАБОТА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Njoftim për opinionin  |  18 Shk 2016
Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во согласност со Упатството за начинот на избор на судии и јавни обвинители кои се испраќаат на престој и работа во Европскиот суд за човекови права, донесено од страна на Управниот одбор на Академијата, бр. 02-83/2 од 15.02.2016 година, објавува
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“



     Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“,  во согласност со Упатството за начинот на избор на судии и јавни обвинители кои се испраќаат на престој и работа во Европскиот суд за човекови права, донесено од страна на Управниот одбор на Академијата,  бр. 02-83/2 од 15.02.2016 година,  објавува
 

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  НА  СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЗА
ПРЕСТОЈ И РАБОТА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА


Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Македонија врши упатување на 2 кандидати од редот на судиите и јавните обвинители во Република Македонија на 6-месечен престој и работа во Европскиот суд за човекови права, со цел надградување на знаењата и вештините за практична имплементација на Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

Критериуми кои треба да ги исполнува кандидатот


Право да конкурираат за упатување на престој и работа во Европскиот суд за човекови права имаат кандидатите кои активно го познаваат  англискиот или францускиот јазик на ниво кое е неопходно потребно за  непречена усмена и писмена комуникација и работа на конкретни предмети, изработка на одлуки и правно истражување и пребарување за потребите на обработка на случаите во Европскиот суд за човекови права.

Начин и рок за пријавување на кандидати


Заинтересираните кандидати, пријавите, заедно со мотивационо писмо, ги поднесуваат до Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во рок од 15 дена од објавувањето на јавниот повик на веб страницата на Академијата www.jpacademy.gov.mk.

Јавниот повик, освен на веб страницата на Академијата, се објавува и на веб страниците на Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија како и на веб страниците на сите судови и јавни обвинителства во Република Македонија.

Селекција на пријавите и избор на кандидатите


Селекција на поднесените пријави врши Комисија, формирана од страна на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, составена од претставници на Академијата, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Бирото за застапување на  Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Комисијата при селекцијата ги рангира кандидатите врз основа на следните критериуми:
-оцена на работата во претходните 2 години (највисоко се рангираат кандидатите кои во претходните 2 години се оценети со највисоки оцени од страна на Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Македонија, па редоследно кандидатите со пониска оцена, се до кандидатот со најниска оцена кој е најниско рангиран); и
-посетеност на обуки за имплементација на Европската конвенција за човекови права во претходните 2 години (највисоко се рангираат кандидатите кои посетувале најголем број обуки за имплементација на Европската конвенција за човекови права, дома и во странство, што се докажува со сертификати или потврда издадена од Академијата или друг организатор на обуката, па редоследно кандидатите со помал број обуки, се до кандидатот со најмал број на обуки кој е најниско рангиран).
Предлог листата на кандидати, Академијата ја упатува до Европскиот суд за човекови права кој го врши конечниот избор на двајцата  кандидати за 6-месечен престој и работа во Европскиот суд за човекови права, врз основа на внатрешната регулатива на Судот, согласно објавената информација за распоредување во Регистарот на национални правници.

Права и обврски на избраните кандидати


Правата и обврските на кандидатите кои ќе бидат избрани за престој и работа во Европскиот суд за човекови права ги регулираат Судскиот совет на Република Македонија односно Советот на јавните обвинители на Република Македонија врз основа на Законот за судовите и Законот за јавно обвинителство.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_