Одлука за поништување на оглас [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за поништување на оглас

Соопштенија за јавност  |  13.6.2018

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

Су03бр.91/18

06.06.2018 година

Неготино

 

 

            Претседателот на Основниот суд Неготино, Ацо Анѓелковски по доставениот Заклучок бр.02-8401/1 од 01.06.2018 на Судски совет на РМ, и постапувајќи по истиот на ден 06.06.2018 година ја донесе следната

 

О Д Л У К А

 

          СЕ ПОНИШТУВА објавениот оглас Су.бр.254/17 од 08.03.2017 година за кандидати за избор на судии - поротници во Основниот суд Неготино, поради недостиг на кандидати.

Образложение

 

          Основниот суд Неготино имаше објавено оглас Су.бр.254/17 од 08.03.2017 година за избор на кандидати за избор на судии поротници. По пријавените кандидати за избор е изготвена листа и истата е доставена до Судски совет на РМ.

            По закажаниот термин за полагање на испитот, потребен за спроведување на постапката за избор на судии поротници од страна на Судскиот совет пријавените кандидати не се јавија на испитот.

            Имајќи ги во предвид погоре наведените причини и Заклучокот бр.02-8401/1 од 01.06.2018 на Судски совет на РМ Претседателот на судот донесе одлука како во диспозитивот.

 

 

                                                                                       

                                                                                           Претседател на судот

           Ацо Анѓелковски

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_