ИЗВЕСТУВАЊЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Новости, Соопштенија за јавност  |  17.3.2020

По Одлука на Судскиот совет на РСМ за постапување на судовите во РСМ во услови на зголемена опасност од вирусот Ковид-19, во врска со Заклучокот под точка 7 од дваесеттата седница на Владата на РСМ  од 16/03/2020 година, ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО го дава следното

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

СЕ ОДЛАГААТ сите закажани судења, со исклучок на следните судски предмети кај кои има потреба од итност во постапувањето и тоа:

  • Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или им е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката;
  • Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште односно престојувалиште во РСМ, а се затекнати во државата;
  • Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривично гонење;
  • Кривични предмети за кривичните дела: „Пренесување заразна болест“ по член 205 од КЗ, „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ по член 383 од КЗ и „Организирање отпор“ по член 387 од КЗ;
  • Прекршочни предмети од итна природа;
  • Предмети за примена на привремени мерки;
  • Предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука;
  • Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок;
  • Предмети кои по сила на законот се итни.

 

Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку Претседателот на судот/судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

Судот продолжува со работа со редовно работно време за прием на поднесоци и други работи поврзани со законски преклузивни рокови. Странките секогаш кога имаат можност доставата да ја вршат електронски на е-маил адресата на судот info@osnegotino.mk.

Недоаѓањето на странките, законските застапници на странките и полномошниците во предметите кои се одлагаат ќе се смета за оправдано и нема да ги предизвика процесно-правните последици од недоаѓање на уредна покана, се додека е во сила заклучокот на Владата на РСМ.

За повеќе информации дали закажаното рочиште е во рамки на горенаведените исклучоци, можете да побарате информации на телефонскиот број 043/361-895.

Образец за барањата за издавање на потврди и уверенија од овој суд, како и сметката на судот каде се врши уплата на такса за истите, се објавени на интерент страната на судот во „обрасци и формулари“.

Барањата може да ги поднесете електронски на е-маил адресата на судот info@osnegotino.mk, со прилог скениран документ за лична идентификација.

По електронски доставените потврди и уверенија ќе се постапува редовно. Барателот ќе може да го подигне побараниот документ по доставеното барање со електронска пошта, секој работен ден во 15,00 часот, кога ќе го приложи оригинал барањето со личен потпис и доказ за извршената уплата.

 

Со почит,

 

                                                                                     ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_