ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА

Соопштенија за јавност  |  26.10.2018
Писарница за приемно и извршно одделение
Писарница за приемно и извршно одделение
Писарница во граѓанско одделение
Писарница во кривично и прекршочно одделение
Писуствување на учениците на рочиште
Запознавање со работата на судот на учениците од страна на Претседателот на судот

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО

Су03бр.145/18

26.10.2018 год

Неготино

 

 

 

 

 

 

 

Известување за превземените активности за одбележување

на Европскиот ден на граѓанската правда

 

 

Основниот суд Неготино на ден 25.10.2018 година презема активности за одбележување на Европскиот ден на граѓанската правда, како отворен ден за граѓаните.

 Учениците од третта година средно гимназиско образование во Средното општинско училиште„ Св.Кирил и Методиј“- Неготино, предводени од ментор Драгица Стоименова на овој ден имаа можност да ги посетат и разгледат просториите во кои е сместен Основниот суд Неготино,да разговараат со вработените во судот, кои исто така одвоија дел од своето работно време за да им презентираат како тече еден работен ден, што всушност тие имаат како работни задачи и обврски во однос на работното место на кое се распоредени.

Претседателот на судот ги запозна учениците со надлежноста на овој суд, по кој вид на предмети се постапува во Основниот суд Неготино, колкав е бројот на судии кои постапуваат по предметите, му ја појасни организациската поставеност на вработените во судот, одговараше на прашањата кои ги имаа учениците подготвени за него, едноставно имаше пријатна атмосфера во која учениците научија нешто повеќе за институцијата – суд и судска власт, вредностите на кои се темелат истите и која е улогата на овој орган во државната власт.

Исто така, на учениците им беше овозможено да присуствуваат во судница и да слушаат како се води кривична судска постапка, односно присуствуваа на расправа во кривичен предмет, а ја посетија и граѓанската судница  која е тонски опремена и му беше објаснето што значи водење на тонски записник на судска постапка.

 

Преку неколку фотографии, доставени во прилог на дописот ќе Ви доловиме дел од превземените активности за одбележување на Европскиот ден на граѓанската правда во Основниот суд Неготино.

 

 

Претседател на судот

Ацо Анѓелковски с.р

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_