ЈАВЕН ОГЛАС зa приeм нa слушатели нa почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС зa приeм нa слушатели нa почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Новости  |  06.9.2016

Врз основа на член 58 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/2015, 192/2015 и 231/2015) Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, на седницата одржана на 29 август 2016 година, донесе одлука за објавување на  
 

ЈАВЕН ОГЛАС

за прием на слушатели на почетна обука во

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

 

 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ објавува јавен оглас за прием на 60 слушатели на почетна обука – кандидати за јавни обвинители.

 

  Услови за прием

 
Согласно член 57 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/2015) и Законот за измени и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 192/2015 и 231/2015), заради исполнување на потребниот број на јавни обвинители за извршување на нивната надлежност согласно со закон, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
-дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование VII/1 степен на правни студии со просек од најмалку 7,0 или дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС), со просек од најмалку 7,0 на универзитетските студии,
- положен правосуден испит,
- работен стаж од најмалку пет години на правни работи по положен правосуден испит во суд или во јавно обвинителство како судски службеник или јавно обвинителски службеник или адвокат,
- да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност,
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го владее македонскиот јазик,
-активно да познава еден од официјалните јазици на Европската унија од кои задолжително англискиот јазик што се докажува со поседување  меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ.
- Практична работа со компјутери и
- Да е работоспособен и да има општа здравствена способност.

 

 

            Содржина на пријавата и потребни документи

 

Кандидатите до Академијата поднесуваат пријава на образец изготвен од Академијата, во кој се содржани податоци за исполнување на условите за прием според јавниот оглас.

Образецот на пријавата, заинтересираните кандидати можат да го подигнат лично во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на адреса булевар „Јане Сандански“ број 12, ламела 2, 1000 Скопје, во работни денови, од 08:30 до 16:30 часот или да го превземат од интернет страницата на Академијата www.jpacademy.gov.mk.

 

Кон пријавата задолжително се приложуваат сите подолунаведени документи, во оригинал или во форма на копии заверени кај нотар:

-уверение за државјанство;

-уверение за дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование VII/1 степен на правни студии со просек од најмалку 7,0 или дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС), со просек од најмалку 7,0 на универзитетските студии;

-уверение за положен правосуден испит во Република Македонија;

- потврда за должината на работниот стаж по положен правосуден испит од најмалку пет години на правни работи во суд или во јавно обвинителство како судски службеник или јавно обвинителски службеник или адвокат ;

-уверение дека не е изречена мерка на безбедност, забрана на вршење професија, дејност или должност;

- меѓународно признат сертификат за активно познавање на еден од официјалните јазици на Европската унија од кои задолжително англискиот јазик во смисла на член 57 став 1 алинеја 7 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители;

-потврда – сертификат за практична работа со компјутери (MICROSOFT OFFICE, INTERNET)- основно ниво на познавање;

- лекарско уверение согласно Правилникот за содржината и начинот на лекарскиот преглед за утврдување на општата здравствена спсособност, содржината и начинот на издавањето и важењето на лекарското уверение (,,Службен весник на РМ“, бр.19/95);

- доказ за уплатени 1000,00 денари на сметка на Академијата на име надомест на трошоци за полагање на приемниот испит.

 

            Рок и начин на пријавување 

 

Рокот за пријавување на лицата на јавниот оглас е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија“. 

Јавниот оглас, покрај во „Службен весник на Република Македонија“ се објавува и во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на огласната табла на Академијата и на интернет страницата на Академијата.

Образецот на пријавата, како и потребните документи, заинтересираните кандидати ги поднесуваат лично до лицето овластено за прием во Академијата во работни денови, од 08:30 до 16:30 часот, и притоа секој кандидат добива испитна шифра.

Навременоста на доставувањето на пријавата со  потребните документи како и комплетноста на документите ги оценува Комисијата за приемен испит.

 

Подготвителна настава

 

Академијата организира подготвителна настава за сите пријавени лица за прием во почетна обука во Академијата.

Подготвителната настава се организира најмалку 45 дена пред денот на одржувањето на приемниот испит.

За датумот, местото и времето на одржувањето на подготвителната настава, навремено се известуваат сите пријавени кандидати  а информацијата се објавува и на интернет страницата на Академијата.

 

Приемен испит

 

Приемниот испит за почетна обука се полага пред Комисија за приемен испит согласно Програма за полагање на приемниот испит и Правилник за полагање на приемниот испит кои се објавени на интернет страницата на Академијата, во термини и рокови што ќе ги определи Комисијата а кои навремено ќе бидат објавени на интернет страницата на Академијата.

Базата на прашања и студии на случај за приемниот испит е јавно достапна на следниот линк: http://e-prasanja.mk/

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_