ОДЛУКА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС БР. 2/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОДЛУКА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС БР. 2/2021

Новости  |  02.3.2022

Република Северна Македонија

Основен суд Охрид

Су-04.бр.46/21-1

28.02.2022 година

Охрид

 

Врз основа на член 88 од Законот за судовите, член 2, член 3 ст.2, член 21, член 119 и член 120 ст.1, 2 и 3 од Законот за судска служба („Службен Весник на РМ“ бр.43/14), а во врска со член 50 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот суд во Охрид, и  известувањето од Министерството за правда, бр.08-272/2 од 18.02.2022 година,  Претседателот на Основниот суд во Охрид, Васил Баткоски, на ден  28.02.2022 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

Јавниот оглас број 2/2021 за вработување на 1 (едно) лице на работно место – Припадник на судска полиција на неопределено време, објавен во дневните весници „Нова Македониа“ и „Коха“ на ден 29.12.2021 - СЕ ПОНИШТУВА.

О  Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Основниот суд во Охрид, врз основа на добиено известувањето од Министерството за финансии бр.08-894/4 од 15.11.2021 година, во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“, на ден 29.12.2021, објави јавен оглас број 2/2021 за вработување на 1 (едно) лице на работно место – Припадник на судска полиција на неопределено време, Су-04.бр.46/2021.

На јавниот оглас, а во предвидениот законски рок, до овој суд беа поднесени пријави, со документации кон истите, заради конкурирање на објавениот оглас.

Врз основа на член 120 став 3 од Законот за судска служба, а кој определува дека проверката на условите за вработување ја врши Министерството за правда, без да се нарушат критериумите за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со допис, Су-04.бр.46/2021-1 од 24.01.2022 година, до Министерството за правда, а заради понатамошно постапување, од страна на овој суд, беа доставени пријавите со документацијата кон нив, на кандидатите.

Согласно горенаведениот член, а по спроведената административна селекција од страна на Министерството за правда, преку допис број 08-272/2 од 18.02.2022 година, Основниот суд во Охрид, беше известен дека ниту еден од пријавените кандидати не ги исполнувал законските услови предвидени во член 119 од Законот за судска служба.

Со оглед на горенаведеното, а од причина што ниту еден од пријавените кандидати не ги исполнува законските услови предвидени во член 119 од Законот за судска служба, што претставува пречка за понатамошно постапување по објавениот оглас, согласно член 88 од Законот за судовите, Претседателот на судот, одлучи како во изреката на одлуката.

ОСНОВЕН СУД ОХРИД, 28.02.2022 година

Претседател на судот,

Васил Баткоски

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_