О Д Л У К А за избор на припадник на судска полиција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
О Д Л У К А за избор на припадник на судска полиција
Република Северна Македонија
Oсновен суд Охрид
Су-04.бр.39/22
17.10.2022 година
Охрид
Претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски, врз основа на член 120 и 121 став 1 од Законот за судска служба, врз основа на објавен оглас број 2/2022 од 13.05.2022 година, Су-04.бр.23/22 на Основниот суд во Охрид, а по спроведената постапка за вработување на припадник на судска полиција на неопределено време, еден извршител, на ден 17.10.2022 година, ја донесе следната:
О Д Л У К А
- за избор на припадник на судска полиција –
Претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски, врз основа на спроведената постапка за вработување на припадник на судска полиција на неопределено време, еден извршител, ГО ИЗБИРА кандидатот:
- Климентина Грујоска.
По конечноста на оваа одлука за избраниот кандидат ќе биде донесено Решение за засновање на работен однос за работно место Припадник на судска полиција на неопределено време во Основниот суд Охрид.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Основниот суд во Охрид, објави јавен Оглас за вработување на припадник на судска полиција на неопределено време, број 2/22 од 13.05.2022 година, заведен под Су-04.бр.23/22.
Врз основа на член 120 став 3 од Законот за судска служба, Основниот суд во Охрид, со допис број Су-04.бр.23/22-1 од 17.06.2022 година, целокупната документација на сите пријавени кандидати ја достави до Министерството за правда, заради проверка на условите за вработување.
Со допис број 08-1970/2 од 19.09.2022 година на Министерството за правда, Основниот суд во Охрид, беше известен дека од пријавените кандидати, кандидатите Михаил Китевски и Климентина Грујоска, ги исполнуваат општите и посебните законски услови пропишани во членот 21 став 1 и член 119 од Законот за судска служба и јавниот оглас за вработување на припадник од судска полиција на неопределено време број 02/2022 година на Основен суд Охрид.
По спроведената административна селекција на кандидатите, кои ги исполнуваат општите и посебните законски услови, а цитирани во дописот број 08-1970/2 од 19.09.2022 година на Министерството за правда, како и по спроведеното интервју од страна на Претседателот на судот, се донесе одлука како во изреката.
ОД ОСНОВНИОТ СУД ОХРИД, на ден 17.10.2022 година.
Претседател на судот,
Васил Баткоски
ПОУКА: Кандидатот кој не е избран има право на жалба, преку овој суд до Советот на судкса служба, во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката.
Д-на: - Климентина Грујоска,
- на Веб страната на судот,
- до кандидатите кои не се избрани.