Одлука за прецизирање на работата и работниот процес во Основниот суд Охрид заради заштита на странките и вработените од КОВИД-19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за прецизирање на работата и работниот процес во Основниот суд Охрид заради заштита на странките и вработените од КОВИД-19

Новости  |  04.11.2020

Република Северна Македонија

Основен суд Охрид

Су.бр.03- 217/20

04.11.2020 година

 

 

            Претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски, согласно чл.15 од Судскиот деловник, а врз основа на Одлуката на Судскиот совет  на РСМ бр.02-606/1, за постапување на судовите во Република Северна Македонија, во услови на зголемена опасност од вирусот Ковид-19, донесена на 17.03.2020 година, со измените од 07.05.2020 година и 29.05.2020 година, како и Препораката на Владата на РСМ, за прецизирање на работата и работниот процес на цела државна и јавна администрација, општините и судовите од 20.10.2020 година, на ден 04.11.2020 година, ја донесе следната:

 

             О Д Л У К А

 

1. Почнувајќи од 05.11.2020 година, в\работените во Основен суд Охрид, ќе работат со скратено работно време од 08 часот до 14,30 часот.

 

2. Приемното одделение во Основниот суд Охрид, ќе работи од 07,30 часот  до 15,30 часот, во две смени и тоа прва смена од 07,30 часот до 13 часот и втората смена од 10 часот до 15,30 часот.

 

3. Судската полиција, ќе го обезбедува судот, како и до сега, 24 часа непрекинато.

 

4. Оваа одлука ќе се применува од 05.11.2020 година и ќе биде со важност до донесување на нова одлука

 

   О б р а з л о ж е н и е

 

Судскиот совет, со соопштение од 28.10.2020 година, го извести судот во Охрид, за потребата од примена на Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија, во услови на зголемена опасност од вирусот Ковид-19, која беше донесена од страна на Советот, на 17.03.2020 година, како и измените од 07.05.2020 година и 29.05.2020 година.

Согласно Одлуката, работата во судовите треба да се усогласи со мерките и препораките на Владата и надлежните здравствени организации, како би се намалил ризикот од инфекција со вирусот Ковид-19, на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката., заради што се донесе горната одлука.

Одлуката да се објави на веб страната на судот.

 

 

                                                                                                                                 Претседател на судот

                                                                                                                                       Васил Баткоски

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_