Јавен оглас 2-2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 2-2023

News  |  Nov 22, 2023

ПРИЈАВА

 

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.2/2023
За вработување на неопределено време на следното работно место

1. Виш Судски референт-економ, шифра на работно место СУД 01 01 Г02 001,Категорија Г, ниво Г2 број на извршители .............1 (еден)

Заинтересираните кандидати согласно чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, треба да ги исполнуваат следните општи услови за пополнување на работните места:
- да е државјанин на Република С.Македонија;
- активно  да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
 Покрај општите услови за вработување на судски службеник, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.21 ст.2 од Законот за судска служба:
  - завршено најмалку Више или средно образование, најмалку 2 години работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

По овој оглас, кандидатите поднесуваат пополнета Пријава кон која ги  приложуваат доказите утврдени во чл.26 ст.2 и 3 од Законот за судска служба и тоа:
- доказ за државјанство на Република С.Македонија;
- уверение/диплома за завршен степен на образование;
- доказ (диплома, сертификат, уверение) за  познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)
- потврда за работа со компјутерски програми за канцелариско работење;
- лекарско уверение  за општа здравствена состојба за работното место;
- потврда дека  со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

Кон пријавата кандидатите можат да приложат:
- извод од историјатот на вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од Агенција за вработување;
- препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува,
- потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;
- потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата,
- изјави или други документи од интерес за работното место;

Пријавите за вработување на кандидатите со приложените докази за исполнување на условите наведени во овој оглас, во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма непосредно преку приемната писарница на Основен суд Прилеп  или преку пошта   на  адреса:

Основен суд Прилеп
со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 2/2023
бул„Гоце Делчев“ бб, Прилеп.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка
 Бројот на работни часови неделно: 40 ;
 Работно време: понеделник-петок  07,30-15,30 ч;  

Основна плата за работното место:  25.359,оо  ден.

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.
Пријава за вработување на судски службеник кандидатите можат да подигнат од приемната писарница на судот или  да ја симнат од интернет страницата на судот .
Времето и датумот на одржување на административнтаа селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основен суд Прилеп.

ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_