Одлука за избор за јавен оглас 2-2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор за јавен оглас 2-2023

News  |  Jan 15, 2024

                                

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА       

             ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

                     04 Су.бр.2/23-6

                        15.01.2024

 

            СУДСКИОТ АДМИНИСТРАТОР ПРИ ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП, Сашо Темелкоски постапувајќи согласно член 36 ст.1 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43//2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018, 236/2018, 248/2018, 235/22) во постапката по објавениот јавен оглас бр.2/2023 на Основен суд Прилеп а по приемот на Предлогот на кандидат за вработување 04Су.бр.2/23-5  од  11.01.2024 година за работно место „виш судски референт-економ“ на ден 15.01.2024 година, ја донесе следната :

 

 

О  Д  Л  У  К  А

 

            Кандидатот Милена Талеска со шифра ОС 05  од Прилеп,  се избира да биде вработен во Основен суд Прилеп, на неопределено работно време, на работно место “виш судски референт-економ“

 

            По правосилноста на оваа одлука ќе се донесе решение за вработување на избраниот кандидат.

                       

О б р а з л о ж е н и е

 

            Врз основа на согласност бр.08-438/4 од 15.11.2023 година на Судскиот буџетски совет и Известувањето бр.18-11748/2 од 13.11.2023 година на Министерството за финансии, Основен суд Прилеп објави јавен оглас за вработување  на еден (1) судски службеник на работно место  „виш судски референт – економ“.

           

            Комисијата за селекција на вработување  во состав: Елена Пашоска - претседател на комисијата, Сашо Ѓорѓиоски – член и Ристо Настоски – член претставник на Советот на судска служба, ја спроведе постапката за селекција за вработување со уредно пријавените  кандидати на огласот,  согласно чл.28, 29, 30, 31, 32 и 33  од Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција  во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236 од 24.12.2018 година)..

Врз основа на резулатите од спроведениот испит, Комисијата  согласно чл.35 од Законот за судска служба со Предлог на кандидати за вработување 04 Су.бр.2/23-5 од 11.01.2024 година   го предложи најдобро рангираниот кандидат Милена Талеска  со вкупно освоени 90,71 бодови да биде вработена во Основен суд Прилеп на работно место „виш судски референт-економ“.

            Врз основа на доставените акти од спроведената постапка за селекција за

 вработување, Судскиот администратор  ја донесе одлуката како во изреката.

 

             Основен суд Прилеп на ден 15.01.2024 година.

 

                                                                                                               СУДСКИ АДМИНИСТРАТОР,

                                                                                                                      Сашо Темелкоски

 

                                                                                                                

            Правна поука: Кандидатот кој не е избран има право на жалба преку овој суд до Советот на судска служба, во рок од 8 дена од приемот на писменото известување за извршениот избор.  

   


Decision search

Court
Case number
Date
_