Одлука по оглас број 1/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука по оглас број 1/2021

Новости  |  07.7.2021

                      РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                                                                                                  ОСНОВЕН СУД  ПРИЛЕП

                                                                                                            04 Су.бр.12/2021

                                                                                                           02.07.2021 година

 

Врз основа на член 43 од Законот за судска служба (Сл. Весник на PM бр.43/2014, 33/2015, 98/2018, 198/2018), по спроведената постапка по објавениот Интерен оглас број 1/2021 на Основен суд Прилеп за кариерно унапредување на  судски службеник и Предлогот на Комисијата за селекција за  унапредување на судски службеник за работното место Раководител на Одделение за информатика - категорија Б ниво Б4– 1 (еден) извршител заведен под 04 Су.бр.12/2021 од  30.06.2021 година, Судскиот администратор на Основен суд Прилеп,на ден 02.07.2021 година, донесе

 

О Д Л У К А

за избор за кариерно унапредување

 

За работното место Раководител на одделение за информатика,  категорија Б ниво Б4,  се избира кандидатот:

  • Ордан Јованоски           

По конечноста на одлуката за избор, за избраниот кандидат ќе се донесе решение за  унапредување на судски службеник.

Образложение

Основниот суд Прилеп објави интерен оглас бр.1/2021 за кариерно унапредување на судски службеник за работно место со звање Раководител на Одделение за информатика - категорија Б ниво Б4 – 1 (еден) извршител, на ден 10.06.2021 година на веб страната на судот.

По спроведената постапка за селекција за унапредување на судски службеници согласно со Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Комисијата за селекција за унапредување на судски службеник, до Судскиот администратор на судот достави Предлог за избор на кандидат за кариерно унапредување на судски службеници за работното место  Раководител на Одделение за информатика- категорија Б ниво Б4 – 1 (еден) извршител.. Kако прво рангиран се предлага кандидатот Ордан Јованоски.

Согласно со член 43 став 1 од Законот за судска служба, судскиот администратор односно претседателот на судот во кој не е избран судски администратор, во рок од три дена од добивањето на предлогот е должен да донесе одлука за избор.

Имајќи ја во предвид наведената законска одредба, како и Предлогот за избор на кандидати за кариерно унапредување на судски службеници за работното место со звање Раководител на Одделение за информатика - категорија Б ниво Б4 заведен под   04 Су.бр.12/2021 од  30.06.2021 година, Судскиот администратор  одлучи како во изреката .

 

                                                                                                ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

                                                                                                 Судски администратор,

                                                                                                       Сашо Темелкоски

 

ПPABHA ПOУKA:Против оваа Одлука незадоволниот судски службеник има npaвo на жалба во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на писменото известување за извршен избор преку Основен суд Прилеп до Советот на судска служба.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_