Јавен оглас 1-2024 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1-2024

Risi  |  25 Jan 2024

ПРИЈАВА

 

    Врз основа на чл.18 став 1 алинеја 1 и став 6 од Законот за судска служба(„Сл.весник на РМ“ бр.43/15, 98/15, 33/15, 6/16, 198/18, 248/18 и 235/22) во врска со член 22 и член 23 од Законот за работни односи, Основен суд Прилеп, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2024

    За вработување на судски службеници  на определено време до 31.12.2024 година за следните работни места:

1. Самостоен реферeнт - сметководител категорија „Г“ ниво Г-1 - 1(еден) извршител

Услови што се бараат за вршење на работата:

Стручни квалификации:
Стекнати најмалку вишо или средно образование од економска или друга соодветна област.

Работно искуство:
 - најмалку 3 години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции:
 - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
 - Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

    Платата на судскиот службеник ќе изнесува 26.580,оо денари. Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30; Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот. Работни денови: од понеделник до петок.

2. Судски реферeнт - извршител во писарница категорија „Г“ ниво „Г-3“ - 1(еден) извршител

Услови што се бараат за вршење на работата:

Стручни квалификации:
Стекнати најмалку вишо или средно образование.

Работно искуство:
- најмалку 1 години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции:
 - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) согласно член 12 став 2 точка 4 од Закон за судска служба.
 - Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

    Платата на судскиот службеник ќе изнесува 24.196,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.

 

Сите кандидати треба да ги исполнуваат следните:

Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

    Кандидатите се должни да се пријават на огласот со Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Основен суд Прилеп од Приемното одделение или да ја симнат од веб страната на судот www.osprilep.mk во рубрика формулари-документи.

    Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

    Рокот за пријавување трае 5(пет) работни дена сметано од денот на последното објавувањето на огласот ( не сметајќи го денот на објавувањето).

    Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

    Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови( за стручните квалификации, работното искуство и посебните работни компетенции ) кандидатите се должни да ги достават непосредно преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака за Оглас бр. 1/2024, на следната адреса:

    Основен суд Прилеп бул.„Гоце Делчев“ бб Прилеп.    

    Информации на следниот телефон 048/421-700   

    Изборот ќе се изврши во рок од 20 дена од завршувањето на огласот.
 

ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_