Јавен оглас 1/2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/2022

Новости  |  26.12.2022

ПРИЈАВА

 

ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

 04Су. бр. 34/2022

23.12.2022 година

Прилеп

 

 

Врз основа на чл.20, чл.21, чл.25, чл.26, чл.119 и чл.120 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018)  чл.2 од  Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/2018) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Прилеп, Су04 бр.23/2018 од 29.11.2018 година, Основниот суд Прилеп на ден 23.12.2022 година објавува:

 

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.1/2022

За вработување на неопределено време на следните работни места

 

 

  1. Судски референт-дактилограф, шифра на работно место СУД 01 01 Г03 001,Категорија Г, ниво Г3број на извршители .............1 (еден)

 

 

Заинтересираните кандидати согласно чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, треба да ги исполнуваат следните општи услови за пополнување на работните места:

- да е државјанин на Република С.Македонија;

- активно  да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 Покрај општите услови за вработување на судски службеник, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.21 ст.2 од Законот за судска служба:

  - завршено најмалку Вишо или средно образование, најмалку 1 година работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

По овој оглас, кандидатите поднесуваат пополнета Пријава кон која ги  приложуваат доказите утврдени во чл.26 ст.2 и 3 од Законот за судска служба и тоа:

  • доказ за државјанство на Република С.Македонија;
  • уверение/диплома за завршен степен на образование;
  • доказ (диплома, сертификат, уверение) за  познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)
  • потврда за работа со компјутерски програми за канцелариско работење;
  • лекарско уверение  за општа здравствена состојба за работното место;
  • потврда дека  со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

Кон пријавата кандидатите можат да приложат:

  • извод од историјатот на вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од Агенција за вработување;
  • препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува,
  • потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;
  • потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата,
  • изјави или други документи од интерес за работното место;

 

 

2.Припадник на судска полиција, број на извршители..............1 (еден)

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија;

- активно  да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена состојба за работното место;

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 Покрај општите услови за вработување на судски службеник утврдени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.119 од Законот за судска служба и чл.45 од Правилникот за организација и систематизација на работните места во Основен суд Прилеп:

-да не се постари од 25 години,

-да се физички и психички способни за вршење на работите на судската полиција;

-да имаат соодветни стручни квалификации потребни за работното место, најмалку средно образование, со или без работно искуство,

-да поседуваат соодветни општи  работни компетенции потребни за работното место:  подоготвеност за учење и развој , комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа,- ориентираност кон странките 

-да поседуваат посебни работни компетенции за работното место:

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици  на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението  ALTE на европски тестатори, или уверение  од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалју 10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ; или Гете сертификат.

 

 

Пријавите за вработување на кандидатите со приложените докази за исполнување на условите Нведени во овој оглас, во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Прилеп  или преку пошта   на  адреса:

Основен суд Прилеп

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 1/2022

бул„Гоце Делчев“ бб, Прилеп.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка

 

За  огласените работни места бројот на работни часови неделно: 40 ;

За огласеното работно место под.т.1 работно време: понеделник-петок  07,30-15,30 ч;  

За огласеното работно место под т.2 понеделник-недела, работното време е во смени: I смена од 07-15 ч;  II смена од 15-23ч; III смена од 23 – 07,oo .

Основна плата за работно место под т.1 -  19,904,оо денари.

Основна плата за работно место под т.2 – 20,954,оо

 

.Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.

 

-За работното место под т.1 - Времето и датумот на одржување на административнтаа селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основен суд Прилеп.

 

-За работното место под т.2 - Согласно чл.120 ст.3 од Законот за судска служба, проверката на условите за вработување на припадник на судска полиција ја врши Министерството за правда на Република Македонија.

 

ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_