Оглас за вработување на припадник на судска полиција на неопределено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за вработување на припадник на судска полиција на неопределено време

Risi  |  22 Gsh 2018

 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

   ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

        Су.04 бр.18/2018      

       21.08.2018 година

 

Врз основа на чл.21 ст.1, чл.119 и чл.120 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015) и Правилникот за организација и систематизација на работните места, Су03бр.3/2015 од 16.03.2015 година, Основниот суд Прилеп  објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2018

За вработување на припадник на судска полиција на неопределено време

 

  • Судски полицаец

Број на извршители..............1 (еден)

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија;

- активно  да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена состојба за работното место;

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 Покрај општите услови за вработување на судски службеник утврдени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.119 од Законот за судска служба и чл.45 од Правилникот за организација и систематизација на работните места во Основен суд Прилеп:

-да не се постари од 25 години,

-да се физички и психички способни за вршење на работите на судската полиција;

-да имаат соодветни стручни квалификации потребни за работното место, најмалку средно образование, со или без работно искуство,

-да поседуваат соодветни општи  работни компетенции потребни за работното место:  подоготвеност за учење и развој , комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа,- ориентираност кон странките  

- да поседуваат посебни работни компетенции за работното место: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици  на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението  ALTE на европски тестатори, или уверение  од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалју 10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ; или Гете сертификат

 

Основна плата на припадникот на судската полицијја 18.500,оо денари  .

Работни часови неделно: 40 ;

Работно време: 1 смена од 07-15 ч;  2 смена од 15-23ч; 3 смена од 23-07 ч;

.

Пријавата за вработување со приложените докази за исполнување на условите во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Прилеп  или преку пошта   на  адреса:

 

Основен суд Прилеп

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 1/2018)

бул„Гоце делчев“ бб, Прилеп.

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.

 

Согласно чл.120 ст.3 од Законот за судска служба, проверката на условите за вработување на припадник на судска полиција ја врши Министерството за правда на Република Македонија, без да се нарушат критериумите за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

 

ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_