Јавен оглас за судии поротници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за судии поротници

Risi  |  4 Nën 2024

ПРИЈАВА

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА

        ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

          Су. бр.96/24

          04.11.2024 година

 

            Врз основа на чл. 42 и 43   од Законот за судовите, („Сл.весник на РМ бр.58/06, 62/06, 35/08, 61/08, 118/08, 16/09, 150/10, 39/12, 83/18, 198/18, 96/19), Одлуката на Судскиот совет за определување на бројот на судии поротници во судовите („Сл.весник на РМ бр.219/15)  Основниот суд Прилеп, на ден 04.11.2024 година го објавува следниот :

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

за пријавување на кандидати за избор на судии поротници

во Основен суд Прилеп

 

            Во Судскиот совет на Република Северна Македонија, претстои избор  на 50  судии поротници за Основен суд Прилеп за период од 4 (четри) години.

            Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени во член 42 од Законот за судовите и тоа :

            - да се полнолетни ;

- да се државјани на Република Северна  Македонија ;

            - да имаат завршено најмалку средно образование ;

            - активно да го владеат македонскиот јазик ;

- да не се постари од 60 години.

            - да уживаат углед за вршење на функцијата судија поротник;

- судија поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите;

 

За судија поротник не може да биде избрано лице  кое со судија, судија поротник во истиот суд или член на Судскиот совет на Република Северна Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

Заинтересираните кандидати кон пријавата која можат да ја подигнат од приемната писарница или веб страната на судот, да приложет во оригинал или копие заверено на нотар:

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија не постаро од 6 (шест) месеци.
  • Уверение за завршено образование
  • Уверение од казнена евиденција не постаро од 6 (шест) месеци
  • Изјава заверена на нотар дека кандидатот не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или брачен другар со судија, судија поротник во Основен суд Прилеп или член на Судскиот совет на Република Северна Македонија .
  • Кандидатот за судија поротник нза судење на малолетници доставува и доказ-потврда за искуство во воспитанието и образованието на младите. 

 

            Пријавите, кандидатите да ги поднесуваат до приемната писарница на Основен суд Прилеп.

            Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

            Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето односно до 18.11.2024 година.

 

 

                                                                                    ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

                                                                                               Претседател,

                                                                               Јасмина Шишковска Стојковиќ                                   

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_