Одлука за избор за интерен оглас 1-2024 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор за интерен оглас 1-2024

Новости  |  15.1.2024

                
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
   ОСНОВЕН СУД  ПРИЛЕП
     07 Су.бр.1/24-1
    12.01.2024 година

 

Врз основа на член 43 од Законот за судска служба (Сл. Весник на PM бр.43/2014, 33/2015, 6/2016, 98/2018, 198/2018, 248/18, 235/22)  спроведената постапка по објавениот Интерен оглас број 1/2024 на Основен суд Прилеп за кариерно унапредување на  судски службеници и Предлогот на Комисијата за селекција за унапредување на судски службеници за работно место  „самостоен судски советник“ категорија Б, ниво Б-1, Судскиот администратор на Основен суд Прилеп, на ден 12.01.2024 година, донесе:


О Д Л У К А
за избор за кариерно унапредување


За работното место „самостоен судски советник“, категорија Б, ниво Б-1, СУД 01 01 Б01 001,  се избира кандидатот:

- Даниела Момироска
    

По конечноста на одлуката за избор, за избраниот кандидат ќе се донесе решение за  унапредување на судски службеник.


Образложение


По добиена согласност од Судскиот буџетски совет на РСМ бр.08-438/5 од 15.11.2023 година, Известувањето на Министерството за финансии бр.18-11748/2 од 13.11.2023 година и чл.20 од Законот за извршување на буџетот на РСМ за 2024 година, Основниот суд Прилеп на ден 05.11.2023 година на веб страната на судот објави интерен оглас бр.1/2024 за кариерно унапредување на судски службеник за работно место  „самостоен судски советник“, категорија Б, ниво Б-1.

По спроведената постапка за селекција за унапредување на судски службеници согласно со Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Комисијата за селекција за унапредување  до Судскиот администратор на судот достави Предлог-одлука за избор на кандидат за кариерно унапредување 07 Су.бр.1/24 од 11.01.2024 година и за ова работно место се предлага избор на кандидатот Даниела Момироска

Согласно член 43 став 1 од Законот за судска служба, судскиот администратор односно претседателот на судот во кој не е избран судски администратор, во рок од три дена од добивањето на предлогот е должен да донесе одлука за избор.

Имајќи ја во предвид наведената законска одредба, како и Предлогот на Комисијата за селекција за унапредување  за работното место „самостоен судски советник“, категорија Б, ниво Б1, Судскиот  администратор  донесе одлука како во изреката.

Основен суд Прилеп на ден 12.01.2023 година.

 

                                                                                ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП
                                                                                 Судски администратор,
                                                                                       Сашо Темелкоски

 

ПPABHA ПOУKA:Против оваа Одлука незадоволниот судски службеник има npaвo на жалба во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на писменото известување за извршен избор преку Основен суд Прилеп до Советот на судска служба.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_