Интерен оглас 2-2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас 2-2023

Новости  |  18.12.2023

ПРИЈАВА

 

ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП
     07 Су. бр. 18/2023
     18.12.2023 година
            Прилеп

    Врз основа на член 20, член 39 и чл.40 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18, 248/18, 235/22 ) Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Прилеп (Су04 бр.23/2018 од 29.11.2018 година, Су04 бр.13/2023 од 22.03.2023 година) согласноста на Судскиот буџетски совет бр.08-438/4 од 15.11.2023 година како и известувањето на Министерството за финансии бр.18-11748/2 од 13.11.2023 година, Основниот суд Прилеп, на ден 18.12.2023 година објавува:


ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2023
За кариерно унапредување на судски службеници


1. Категорија Б, ниво Б – 1, СУД 01 01 Б01 001
Самостоен судски советник - 1 (извршител)

Услови за вршење на работите:
Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет и положен правосуден испит.
Најмалку 6 години работно искуство во струката по положен правосуден испит.

Кандидатите, покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

На интерниот оглас може да се пријават судски службеници на Основен суд Прилеп кои ги исполнуваат следните услови:

- Да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување.
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
- Да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и
- Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

Работни часови неделно 40 часа
Работно време - почеток на работно време 7,30 часот, крај на работно време 15,30 часот
Работни денови од понеделник до петок
Нето плата 51.300,оо денари

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:
• уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или фотокопија заверена на нотар
• доказ за работно искуство
• диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски), во оригинал или фотокопија заверена на нотари
• потврда за успешно реализирани обуки или
• потврда за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран судски службеник)
• диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или фотокопија заверена на нотар

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник на РСМ“ бр.275/2020).

ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_