Оглас за избор на Судии поротници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за избор на Судии поротници

Известувања  |  05.3.2025
Оглас за избор на Судии поротници

ОСНОВЕН СУД РАДОВИШ

СУ.бр. 113/25

28.02.2025 година 

РАДОВИШ

 

                                                О Г Л А С

                        за избор на 9 судии-поротници во Основен суд Радовиш

 

            I. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:

 

                 1.  да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија

            2.  да има завршено најмалку средно образование

            3.  активно да го владее македонскиот јазик

            4.  да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник

            5.  да не е постар од 60 години.

 

 

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

            III. Заинтересираните кандидати потребно е кон пријавата ( која можат да ја подигнат од приемната писарница  да приложат, во оригинал или копии во заверен препис на нотар:

-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

             -Уверение за завршено образование;

                 - Потврда од казнена евиденција; (издадена од суд според местото на раѓање).

- Изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија –поротник во Основниот суд во Радовиш и со член на Судскиот Совет на

Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во

странична линија до трет степен или е негов брачен другар.    

 

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Радовиш (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„22-ри Октомври,, б.б Радовиш, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

 

                                                                                                                         ОСНОВЕН СУД РАДОВИШ

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_