Јавен оглас за вработување во Основен суд Радовиш [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување во Основен суд Радовиш

Известувања  |  31.12.2018

            Врз основа на чл. 21 и 25 од  Законот за судска служба и чл. 2 од Правилникот на формата и содржината на јавниот оглас (Сл.вес. бр. 236/18), Основниот суд Радовиш објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2018

За вработување на судски службеници

 

На работно место судски референт- дактилограф со звање судски референт, категорија Г, Г3 трето ниво, 1извршител на неопределено работно време и

На работно место  помлад судски референт-доставувач со звање помлад судски референт категорија Г, Г4 четврто ниво, 1 извршител на неопределено работно време;

            I . Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за прием на судски службеници и тоа:

  • да е државјанин на РМ;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење професија, дејност или должност.

II. Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Основниот суд во Радовиш се:

II/I Кандидатот за работното место судски референт дактилограф да ги исполнува следните посебни услови:

  • Најмалку више или средно образование;
  • Најмалку една година работно искуство во струката;
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија(англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Бруто плата – 23.885,оо денари;
  • Работни часови неделно 40;
  • Работно време 07,30-15,30 часот;
  • Работни денови од понеделник до петок;

 

II/II Кандидатот за  работното место помлад судски референт доставувач да ги исполнува следните посебни услови:

  • најмалку више или средно образование,
  • со или без работно  искуство во струката,
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија(англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  • Бруто плата – 22.042,оо денари;
  • Работни часови неделно 40;
  • Работно време 07,30-15,30 часот;
  • Работни денови од понеделник до петок;

 

Кандидатите ги докажуваат посебните услови  со приложување доказ (диплома, сертификат, уверение);

 

III. Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот,

 (на адреса Основен суд Радовиш, ул. 22 ри Октомври ББ, Комисија за избор на судски службеници со назнака за Оглас бр.1, Образецот може да се подигне во Приемно одделение во Судот или да се симне од веб страната на судот.)

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници Слободен печат и Лајм.

Пријавата да биде потполнета во целост, прецизно и со точни податоци.

Кандидатите кој внеле лажни податоци во пријавата се дисквалификуваат од понатамошна постапка.

Кон пријавата кандидатите задолжително ги доставуваат следните докази:

  • Уверение за државјанство;
  • Уверение/диплома за завршен  степен на образование;
  • Диплома, сертификат или уверение за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ(англиски, француски и германски);
  • Диплома, сертификат или уверение за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место;
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност и должност;
  • Потврда за работно искуство во струката;

Кон пријавата кандидатите може да достават и  

  • извод од историјат на претходни вработувања, доколку кандидатите биле претходно вработени издаден од Агенција за вработување;
  • Препораки од претходни работни места кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува;
  • Потврда за волонтерски стаж издадена од волонтерски регистар на Министерство за труд и социјална политика;
  • Потврда за посетувани обуки (диплома или уверение за завршен дактилографски курс за работното место судски референт дактилограф);

IV. Кандидатите кои се уредно пријавени на јавниот оглас и кои ке ја поминат аднимистративната селекција ке полагаат испит, кој се состои од стручен дел.

Базата на прашања за полагање на испитот може да симне од веб страната на судот.

Со кандидатите кои ги исполнуваат условите ке се спроведе усно интервју.

На интервјуто ке учествуваат најмногу 5 пати повеке кандидати од бројот на работните места за кој се спроведува постапка за селекција за вработување а кои биле најдобро рангирани.

Времето и датумот на одржување на аднимистративна селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на интернет страницата на судот.

                         Со почит,

 

                                                                                      Претседател на Основен суд Радовиш

                                                                                             Костадин Петров              

 

ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ             

БАЗА НА ПРАШАЊА                                        

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_