Јавен оглас за вработување бр. 02/2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување бр. 02/2023

Известувања  |  12.5.2023
Јавен оглас за вработување бр.2 2023 година

               Врз основа на чл. 18.ст.1 ал.2 и ст.6 , чл. 21 и 25 од  Законот за судска служба и  и чл. 2  од Правилникот на формата и содржината на јавниот оглас, Основниот суд во Радовиш објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2023

 

За вработување на судски службеник  на неопределено работно време на следнoтo работнo местo:

 

  1. За вработувње на судски службеник на работно место Виш судски референт- извршител во писарница, шифра на работното место СУД 0101Г02001,  категорија Г, ниво Г2,  1 (еден) извршител.

   

       Кандидатот треба да ѓи исполнува општите услови за прием на судски службеник и   и тоа:

  • да е државјанин на РМ,активно да го користи македонскиот јазик,да е полнолетен,да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење професија, дејност или должност.

      2. Посебни услови кои треба да ги исполнува кандидатот  предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Основниот суд во Радовиш се:

  • Најмалку више или средно образование од  соодветна област,најмалку 2(две) години работно искуство во струката,активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ(англиски, француски,германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,нето платата на судскиот службеник ќе изнесува – 21.600,оо денари,работни часови неделно 40,работно време од 07,30-15,30ч, дневна пауза од 11,00 до 11,30 ч, работни денови од понеделник до петок;

         Кандидатите за работното место поднесуваат пријава кон која ги поднесуваат доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар, по пошта или преку архивата на судот на адреса на Основен суд Радовиш, ул. 22 ри Октомври ББ, со назнака за Јавен оглас бр.2/23. Образецот на пријавата  може да се подигне во Приемно одделение во Судот или да се симне од веб страната на судот.

          Огласот за работното место трае 15 дена од денот на објавувањето (несметајки го денот на објавувањето), времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на Веб страната на судот.

          Пријавата за објавеното  работно место да биде потполнета во целост, прецизно и со точни податоци.

         Кандидатите кој внеле лажни податоци во пријавата се дисквалификуваат од понатамошна постапка

         Пријавите на кандидатите со непотполни документи нема да се разгледуваат.

Пријавата може да ја симнете тука.

                                                               Претседател на Основен суд Радовиш

                                                                                             Лила Цветаноска                                                                     

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_