Јавен оглас за вработување бр. 1/2025
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас за вработување бр. 1/2025
Су.бр. 4/25
Врз основа на чл. 18 ст.1 ал.2 и ст.6 од Законот за судска служба в.в чл.22 и чл. 23 од Законот за работни односи, В.Д Претседателот на Основен суд Радовиш Лила Цветаноска објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2025
За вработување на судски службеници на определено време до 31.03.2025 година за следните работни места: Виш судски референт-извршител во писарница со звање Виш судски референт, категорија Г, Г2 второ ниво, 1 (еден )-извршител на определено работно време, Судски референт- прием и експидиција на пошта, со звање судски референт, категорија Г, Г3 трето ниво, 1 (еден)-извршител на определено време и Помлад судски рефeрент-доставувач со звање помлад судски референт, категорија Г ,Г4 четврто ниво 2 (двајца) извршители.
I. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за прием на судски службеници и тоа:
- да е државјанин на РМ;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење професија, дејност или должност.
II. Посебни услови потребни стручни квалификации и компетенции кои треба да ги исполнува кандидатот за работното место Виш судски референт-Извршител во писарница се:
- Најмалку више или средно образование од соодветна област;
- Најмалку 2 година работно искуство во струката;
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски и германски);
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Нето плата – 28.174,оо денари;
- Работни часови неделно 40;
- Работно време 07,30-15,30 часот;
- Дневна пауза од 11-11,30 часот:
- Работни денови од понеделник до петок;
III. Посебни услови потребни стручни квалификации и компетенции кои треба да ги исполнува кандидатот за работното место Судски референт-прием и експидиција на пошта се:
- Најмалку више или средно образование;
- Најмалку 1 година работно искуство во струката;
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски и германски);
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- нето плата – 26.799,оо денари;
- Работни часови неделно 40;
- Работно време 07,30-15,30 часот;
- Дневна пауза од 11-11,30 часот:
- Работни денови од понеделник до петок;
VI. Посебни услови потребни стручни квалификации и компетенции кои треба да ги исполнува кандидатот за работното место Помлад судски референт-доставувач се:
- Најмалку више или средно образование;
- Со или без работно искуство во струката;
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски и германски);
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Нето плата – 25,172 денари;
- Работни часови неделно 40;
- Работно време 07,30-15,30 часот;
- Дневна пауза од 11-11,30 часот:
- Работни денови од понеделник до петок;
V. Кандидатите поднесуваат пополнета пријава со докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар по пошта или преку приемното одделение на судот, (на адреса Основен суд Радовиш, ул. 22 ри Октомври б.б со назнака за Оглас бр.1/2025.
Образецот може да се подигне во Приемно одделение во Судот или да се симне од веб страната на судот.)
Огласот трае 3 работни дена по денот на последното објавување во дневните весници Слободен печат и Коха(без да се смета денот на објавувањето).
Пријавата да биде потполнета во целост, прецизно и со точни податоци.
Ненавремена, нецелосна, неуредно пополнета пријава или пријава во кои се внесени лажни податоци, нема да се разгледува.
Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
В.Д Претседател на Основен суд Радовиш
Лила Цветаноска
ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ