Општи податоци (надлежности и историјат)
ActionsОпшти податоци (надлежности и историјат)
Надлежност
Законот за судовите (Службен весник 58/2006)
Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со овој закон.
Основните судови согласно со стварната наделжност судот во прв степен и се осниваат како судови со основна надлежност и судови со проширена надлежност.
Основнисте судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некој кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд.
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истраги или истражни дејствија за кривични дела од своја надлежност,
- за сите видови на прекршоци освен за прекшоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основните судови со основан надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен пио граѓански спорови и тоа:
- за спорови во имотно правните и други граѓанско п равни односи на физижки и правни лица чија вредност е до 15.000 евра во денарска против вредност доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд.
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак за поништување на брак и развод на брак
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета, која не надминува 15.000 евра во денарска против вреднсот,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- спорови од наследно – правнни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон.
НАПОМЕНА: Согласно новиот закон за судови Службен весник 58/06 од 11.05.2006 год., Основен суд Ресен е суд со основна надлежност.
e-mail: info@osresen.mk
Тел: 047 452 588
Тел: 047 451 144
Тел/Моб: 075 287 483