СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТА НА ОСНОВЕН СУД РЕСЕН ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТА НА ОСНОВЕН СУД РЕСЕН ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Новости  |  23.3.2020
СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТА НА ОСНОВЕН СУД РЕСЕН ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Република Северна Македонија

ОСНОВЕН СУД РЕСЕН

СУ-138/20       

23.03.2002

Р е с е н                

 

 

 

 

 

                                               СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

 

 

            Согласно заклучоците  на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведување на дополнителни мерки  и активности за превенција од ширење на болеста  КОВИД-19 ( корона вирус), препораките од Министерството за здравство, барањето за воведување  на претпазливост и заштита од Корона вирусот  во правосудниот систем  од Адвокатскта комора на Република Северна македонија под број 03-281 од    15.03.2020 год., заклучокот на  Управниот одбор на  здружението на судиите на Република Северна Македонија донесен на XXXVI- та  седница одржана на ден  16.03.2020 година како и Одлуката за постапување на судовите  во Република Северна Македонија  во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19 донесена  од Судскиот совет  на Република Северна Македонија под бр.02-606/1 од 17.03.2020 година,

 

Основниот суд Ресен  ВЕ  ИЗВЕСТУВА  дека сметано од  23.03.2020 година  до следното известување , СЕ ОДЛОЖУВААТ  закажаните рочишта и расправи по предметите  на Основен суд Ресен .

 

            Во судот  ќе се извршуваат следните  нужни работи:

            -Судења во кривични предмети  кога обвинетиот  или дел од обвинетите  се во притвор, домашен притвор или према кои  е изречена некоја друга мерка  за обезбедување присуство на обвинетиот  во постапката,

            - Кривични предмети на странките  кои немаат живеалиште односно  престојувалиште во Република Северна Македонија а се затекнати во државата,   

            - Кривични предмети за кои постои опасност  од застарување на кривично гонење,

            - Кривични предмети за кривичните дела: „пренесување заразна болест“  по чл.205 од КЗ, „непостапување според здравствени  прописи за време  на епидемија“ по чл.206 од КЗ, „неукажување  медицинска помош“ по чл.208 од КЗ, „спречување службено лице во вршење службено дејство„ по чл.382 од КЗ, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ по чл.383 од КЗ, „организирање отпор“ по чл.387 од КЗ,

            - Прекршочни предмети од итна природа ,

            - Предмети за примена  на  времени мерки,

            - Предмети по кои постапката  е во фаза на донесување на одлука,

            - Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок,

            - Предмети кои по сила на законот се итни,

            -Прием на поднесоци  и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

 

            За денот и часот на одржување  на сите одложени рочишта  и расправи странките  ќе бидат дополнително известени со доставување на покана  од страна на судијата кој постапува по секој поединечен предмет.

 

            Со оглед на наведеното, нема да биде дозволен влез на неслужбени лица во просториите на Основен суд Ресен, освен на лица со уредна покана и претходна најава, поради присуство во судот  во врска со означениот вид на предмети од итна природа.

 

            Контролата  и легитимирањето на лицата  на влезот во Основен суд Ресен ќе ја вршат припадниците на судската полиција вработени во Основен суд Ресен, согласно правилата на службата, кој што по извршената безбедноста проверка ќе ги упатуваат лицата во соодвтните простории на судот.

            Сите лица кои е потребно да присуствуваат во судот при влегувањето во судската зграда треба да извршат  дезинфекција на рацете со дезинфекциско средство поставено на влезот во судската зграда.

 

            Основниот суд Ресен укажува дека ваквите мерки се неопходни за заштита на здравјето и животот на граѓаните во околности  кога заштитата, почитувањето и унапредувањето на човековите права и основни слободи претставува една  од целите и функциите  на судската власт.

 

            Воедно, напоменуваме дека Основен суд Ресен и понатаму ќе ја извршува функцијата како сервис на граѓаните на Република Северна Македонија, поради што упатуваме апел во означениот период да се користат алтернативните начини на комуникација со судот, по пошта или по електронски пат.

 

            Со почит,

 

                                                                                    ОСНОВЕН СУД  РЕСЕН

                                                                                       

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_