Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за претпазливост против 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје, донесе решенија со кои:
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста, дека предметот со КОК.бр. 11/23, од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“, по исполнување на условите, односно добиени жалби и одговор на жалби во однос првостепената пресуда, е доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје.
[повеќе]
Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека:
Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката.
[повеќе]