Основен кривичен суд Скопје Почетна
Најнови вести
Најнови вести
-
Соопштенија за јавност | 13.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста, дека предметот со КОК.бр. 11/23, од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“, по исполнување на условите, односно добиени жалби и одговор на жалби во однос првостепената пресуда, е доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 07.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 06.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 05.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад живот при сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 05.2.2025 | Основен суд Скопје I
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2025 за вработување
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2025 за вработување на определено работно време [повеќе]
Сите вести