Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, На главната расправа за предметот со КОК бр. 61/24, познат како „Синџир“, одржана на 15.07.2024 година, 4 физички и 4 правни – обвинети лица во предметот, го искористија Законски дозволеното право да ја признаат вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар.
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 61/24, познат како „ Синџир“ по воведниот говор на Јавниот обвинител , шест физички и чест правни лица кои се обвинети во кривично правниот премет, своеволно и како што самите изјавија, свесни за правните последици ја признаа вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар.
[повеќе]
Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите :
В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А.Ѓ. обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. во ноември минатата година.
[повеќе]