Најчесто поставувани прашања
ActionsНајчесто поставувани прашања
КАКО СЕ ДОБИВА УВЕРЕНИЕ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ ОДНОСНО КАЗНЕНА ИЛИ КРИВИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА ?
Почитувани, согласно Законските одредби, барање за Уверение/Потврда Од кривична или казнена евиденција може да поднесете само лично, друго лице во ваше име со ваше полномошно или адвокат со адвокатско полномошно.
Надлежен суд за издавање на Уверенија / Потврди е судот според место на раѓање.
Барањата се поднесуваат на шалтерот за уверенија во старата зграда на судот секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот освен пауза од 11:00 – 11:30. Потребно се две пополнети барања кои ги добивате на шалтерот или можете да ги испечатите од веб – страната на судот, лична карта или патна исправа и фотокопија од истата и да уплатите такса од 320 денари со картичка или преку уплатница.
Уверението или потврдата може да ја подигне било кој со вториот примерок од барањето, за 5 работни дена од поднесувањето.
Барање за Уверение или Потврда заедно со Уплатница, на која се плаќа Законска такса доколку не сакате да платите со картичка на шалтер, имате на следниот линк:
Воедно, барање за Потврда од Казнена евиденција можете да поднесете и преку порталот uslugi.gov.mk, но овој начин на аплицирање и издавање не е во надлежност на судот, па за повеќе информации моожете да се обратите на конкретниот сајт. ( Ваквиот начин НЕ ВАЖИ и за Уверението од кривична евиденција)
1. Одговор