Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

КАКО СЕ ДОБИВА УВЕРЕНИЕ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ ОДНОСНО КАЗНЕНА ИЛИ КРИВИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА ?

Почитувани, согласно Законските одредби, барање за Уверение/Потврда Од кривична или казнена евиденција може да поднесете само лично, друго лице во ваше име со ваше полномошно или адвокат со адвокатско полномошно.

Надлежен суд за издавање на Уверенија / Потврди е судот според место на раѓање.

Барањата се поднесуваат на шалтерот за уверенија во старата зграда на судот секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот освен пауза од 11:00 – 11:30. Потребно се две пополнети барања кои ги добивате на шалтерот или можете да ги испечатите од веб – страната на судот, лична карта или патна исправа и фотокопија од истата и да уплатите такса од 320 денари со картичка или преку уплатница.

Уверението или потврдата може да ја подигне било кој со вториот примерок од барањето, за 5 работни дена од поднесувањето.

Барање за Уверение или Потврда заедно со Уплатница, на која се плаќа Законска такса доколку не сакате да платите со картичка на шалтер, имате на следниот линк:

http://sud.mk/wps/portal/osskopje1/sud/formulari/krivicna-oblast/!ut/p/z1/hY7RCoJAFES_xQ-QO4Ho-riWbqkRlFt6X0JCQsgtZO37K-m1bd4GzhmGmGpi0z77a2v7u2lv795weI6xChfJEuWuiATkVqelVpu8kqDTDIQqCCAKlOKwTyBTRKKKJVQGYrd_JCa-TOPYGUuNHafuO-lwPpP4kfkS_0PWoHxmHMcfgx78Gn4qPe8FUqI57g!!/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?current=true

Воедно, барање за Потврда од Казнена евиденција можете да поднесете и преку порталот uslugi.gov.mk,  но овој начин на аплицирање и издавање не е во надлежност на судот, па за повеќе информации моожете да се обратите на конкретниот сајт. ( Ваквиот начин НЕ ВАЖИ и за Уверението од кривична евиденција)

1.    Одговор

Прва<1>Последна


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 13.2.2025
    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста, дека предметот со КОК.бр. 11/23, од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“, по исполнување на условите, односно добиени жалби и одговор на жалби во однос првостепената пресуда, е доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 07.2.2025
    Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 06.2.2025
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое: [повеќе]

Сите вести