Кривична област формулари [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Кривична област

Сите лица кои со одлука на Основен кривичен суд Скопје се задолжени да платат одредена парична казна, трошоци на постапка или паушал, истите да ги платат на доле наведените сметки.

  • Уплатница за уплата на паушал за кривичен предмет
  • Уплатница за уплата на парична казна за кривичен предмет
  • Уплатница за уплата на трошоци за кривичен предмет
  • Уплатница за упата на глоба за прекшрочен предмет
  • Упатница за уплата на трошоци за прекршочен предмет

 

Плаќање на ПОС терминали.

Со цел олеснување на целокупната процедура за плаќање на законски утврдената судска такса при поднесување барање за добивање потврда – уверение од казнена, кривична или прекршочна евиденција, освен досегашниот начин на плаќање на таксата во банка или пошта преку уплатница, граѓаните кои поседуваат валидна дебитна или кредитна картичка, таксата ќе може да ја платат на шалтерот за поднесување барање во Основен кривичен суд Скопје преку ПОС терминали на Тутунска банка.

Ги известуваме сите граѓани дека Законски утврдената судска такса , може да се плати со било која дебитна или кредитна картичка, а освен утврдената сума која се уплаќа на сметка на Буџет на Р.М. банката наплатува и 40 денари провизија.

Со цел граѓаните да не се доведат во состојба да мора да издвојат повеќе пари од нивниот буџет ги известуваме дека при уплаќање на таксата самите одлучуваат дали таксата на сметка на Буџет на Р.М. ќе ја плаќаат преку ПОС терминали или преку уплатница во банка или пошта каде исто така се плаќа дополнителна провизија.

Со почит Основен кривичен суд Скопје. 

 

Опис Преземање
Нов ценовник за судски такси
Нов ценовник за судска такса за уверенија
Прва<123>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 20.5.2020
    По повод денешниот on – line промотивен настан за презентација на Третиот преоден и последен проектен извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство изготвен од Мисијата на ОСЦЕ во Скопје, свое обраќање, а во однос на анализата и препораките за работењето на Основниот кривичен суд, имаше и Претседателот на судот, судија Иван Џолев кое обраќање го објавуваме во целост. [повеќе]
  • АЖУРИРАНА ЛИСТА НА ПРЕДМЕТИ КОИ СЕ СУДАТ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ЗА МЕСЕЦ МАЈ

    Соопштенија за јавност  | 19.5.2020
    Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска па се до следно известување, во Кривичниот суд ќе се судат само предмети во кои еден или повеќе обвинети имаат мерка притвор или куќен притвор, предмети од член 205 и 206 од КЗ поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните и предмети поврзани со нарушување на полицискиот час и другите мерки на Владата на РСМ за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19, а за чие постапување надлежен е судот. Воедно судот ќе постапува и по сите итни предмети за кои се надлежни кривичните совети, а по кои се постапува на нејавни седници. За таа цел изготвена е листа од 39 притворски предмети, насрочени во следните 30 дена за кои предмети странките кои имаат усна или писмена покана се должни да дојдат на закажаното судење, додека странките во сите други постапки кои не се наведени на листата ќе добијат дополнителни покани за следните термини. Согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба, усвоена на седница на Влада на РСМ на 30.03.2020 година, судот со новата листа на предмети значително го намали бројот на насрочени расправи, а со тоа и фреквенцијата на луѓе во судот како дел од препораките за заштита од ширење на вирусот. Како суд уште еднаш апелираме и до сите странки, кои се дел од новата листа на приоритетни предмети, доследно да ги почитуваат прораките и мерките за заштита, а судот ќе продолжи со редовни дезинфекции на судниците и другите простории, мерење на температурата со бесконтактни уреди на сите кои ќе влезат во судот и задолжение за носење медициснки маски и стерили ракавици. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 18.5.2020
    Главната рапсрава за предметот со КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“ се одлага за 26- ти мај. [повеќе]

Сите вести