Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љ.П. осомничен за две кривични дела – Убиство и две кривични дела – Грабнување, а поврзани со убиството на малолетната В.Ѓ од Скопје и Велешанецот П.Ж. во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост.
[повеќе]
Основниот кривичен суд Скопје, по добиени повеќе барања, ги известува сите заинтересирани странки дека списите од предметот познат како „Змиско око “, од 02.02.2024 година е доставен на надлежно постапување во Врховниот суд на РСМ заради одлучување по добиено барање за судење во разумен рок.
[повеќе]
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид , како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ Мавровка, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
[повеќе]