Заради интерес на медиумите, а поврзано со соопштението на Основното јавно обвинителство „Под истрага четири лица за набавка на софтвер“, Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека: денеска пред судија на претходна постапка, беа спроведени две лица со предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор под сомнение дека стoриле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ.
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 52/17 од обвинителството означен како „Траекторија“, ја информираме јавноста дека е добиено решение за изолација поради позитивен тест на Ковид 19 вирусот кај дел од одбраната, па заради тоа расправата насрочена за 19.04.2021 година се одлага.
[повеќе]