Кривична област формулари
ActionsКривична област
Сите лица кои со одлука на Основен кривичен суд Скопје се задолжени да платат одредена парична казна, трошоци на постапка или паушал, истите да ги платат на доле наведените сметки.
- Уплатница за уплата на паушал за кривичен предмет
- Уплатница за уплата на парична казна за кривичен предмет
- Уплатница за уплата на трошоци за кривичен предмет
- Уплатница за упата на глоба за прекшрочен предмет
- Упатница за уплата на трошоци за прекршочен предмет
Плаќање на ПОС терминали.
Со цел олеснување на целокупната процедура за плаќање на законски утврдената судска такса при поднесување барање за добивање потврда – уверение од казнена, кривична или прекршочна евиденција, освен досегашниот начин на плаќање на таксата во банка или пошта преку уплатница, граѓаните кои поседуваат валидна дебитна или кредитна картичка, таксата ќе може да ја платат на шалтерот за поднесување барање во Основен кривичен суд Скопје преку ПОС терминали на Тутунска банка.
Ги известуваме сите граѓани дека Законски утврдената судска такса , може да се плати со било која дебитна или кредитна картичка, а освен утврдената сума која се уплаќа на сметка на Буџет на Р.М. банката наплатува и 40 денари провизија.
Со цел граѓаните да не се доведат во состојба да мора да издвојат повеќе пари од нивниот буџет ги известуваме дека при уплаќање на таксата самите одлучуваат дали таксата на сметка на Буџет на Р.М. ќе ја плаќаат преку ПОС терминали или преку уплатница во банка или пошта каде исто така се плаќа дополнителна провизија.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.