Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител, осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 3 години за кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито влијание за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10 години.
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1.
[повеќе]
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 26.07.204 година достави Предлог за одлагање на закажана главна расправа за предметот со К.бр. 1339/24, насрочена на 30.07.2024 година, а поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж.
[повеќе]