Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Соопштенија за јавност  | 04.12.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвноto јаvно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 27.11.2023 | Основен суд Скопје I

    Пресуда КОК бр. 40/18 - 27 Април

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, како и придонес во судската пракса и можност за експертски и правни анализи на сите заинтересирани, Основниот кривичен суд Скопје, во прилог ја објавува анонимизираната верзија на пресудата со КОК бр. 40/18 поврзана со настаните од 27 - ми април 2017 година во Собранието на РСМ. Пресудата е објавена како дел од преоктот на Кривичниот суд со Коалиција „Сите за правично судење“ преку кој надворешни практиканти ги аномнимизириаат пресудите на Кривичниот суд со цел објава на сите правосилни како и пресуди од јавен интерес. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 27.11.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметите со КОК бр. 59/22 од обвинителството означен како „Титаник“ насрочена за 30.11.2023 година од 10:00 часот и КОК бр. 157/21 против С.Ј. и Т.Ѓ. насрочена за 29.11.2023 год. во 12:30 часот, ги информираме дека истите се отповикуваат со оглед да, со одлука на Влада на РСМ, 30 – ти е прогласен за неработен, додека на 29 – ти ќе се работи со скратено работно време, заради Самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 27.11.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на невладините организации и меѓународните мисии во земјава кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со КОК бр. 175/23 против повеќе обвинети за кривичните дела Нeовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје, насрочена за 30 – ти ноември, со отповикува бидејќи со одлука на Влада на РСМ тој ден е неработен за јавната администрација и судовите. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 23.11.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работат на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 193/22 против М.З., поранешен Генерален секретар на Влада на РСМ, заврши доказната постапка по што Јавниот обвинител, одбраната и самиот обвинет ги дадоа своите завршни зборови. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 16.11.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со судиите на Основниот кривичен суд Скопје кои на 464 – та седница на Судскиот совет на РСМ беа избрани за судии во Апелациониот суд Скопје, ја информираме јавноста дека: [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 16.11.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информирамe јавноста дека глaвната расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со Приватна здравствена установа „Жан Митрев“ насрочена за 29 – ти ноември се отповикува заради самитот на ОБСЕ и одлуката на Владата на РСМ за работа со скратено работно време, како и расправата на 6 – ти декември која се отповикува по барање на Јавниот обвинител. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 14.11.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со 59/22 познат како „Титаник“ насрочена за 15.11.2023 година се одлага на барање на застапникот на обвинението. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 14.11.2023 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Во однос на одредени медиумски известувања и коментари за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур на апликантот Миле Јанакиевски против РСМ и наводите дека „притворот бил неосновано определен“ апелираме до медиумите, но и правните критичари дека е потребно прецизно и дословно известување за вакви сензитивни теми. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 13.11.2023 | Основен суд Скопје I

    РЕАКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

    Во однос на Јавната реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот со КОК бр 24/21, од обвинителството означен како „Тарифа“, според која судијата преземал дејствија со кои „се отвора патот за констатирање суштествени повреди на ЗКП“, Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека: [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_