Основниот кривичен суд Скопје, по повод Европскиот ден на правдата, ги отвори вратите за нови средношколци од СЕПУГС „Арсение Јовков“ од Скопје кои во текот на учебната година, еднаш неделно, ќе посетуваат практична настава во Кривичниот суд, како дел од проектот „Учење работа преку познат работодавач“
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 17.10.2023 | Основен суд Скопје I
Основниот кривичен суд Скопје ги поканува претставниците на медиумите кои ја следат работата на судот на 19.10.2023 година ( четврток) во 13:00 часот на Брифинг со претстадателот на судот во однос на сите актуелни прашања, а со цел да се задржи континуитет на транспарентно и отчетно работење.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 13.10.2023 | Основен суд Скопје I
Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната расправа надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 04.10.2023 | Основен суд Скопје I
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои го следат судењето за предметот со КОК бр. 3/19, од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека денешната главна расправа се отповикува заради отсуство на Претседателот на судечкиот совет.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 03.10.2023 | Основен суд Скопје I
Основниот кривичен суд Скопје трета година по ред ги отвори вратите за практична настава на учениците од СЕПУГС Васил Антевски - Дрен од Скопје, кои во текот на целата учебна година, по еден ден во неделата ќе присуствуваат во Кривичниот суд како дел од проектот „Учење преку работа“.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 26.9.2023 | Основен суд Скопје I
Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 53 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РСМ“ број 102/2019), Основниот кривичен суд Скопје објавува:
[повеќе]
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја инфoрмираме јавноста дека пресудата за предметот со КОК бр. 46/22 од обвинителството означен како „Дизајн“ ќе биде објавена на 07.09.2023 година во 12:00 часот во судница 6.
[повеќе]
Соопштенија за јавност
| 31.8.2023 | Основен суд Скопје I
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ насрочена за 04.09.2023 година, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да до судот е доставен поднесок со прилог медицинска документација дека обвинетиот Ж.М. е објективно спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини.
[повеќе]